| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Дизелот од денеска поскап, бензините поевтини
Одлуката на Регулаторната комисија предвидува намалување на цената на бензините за 1,5 денар за литар. Така, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 99 денари, а БС-98 по 101 денар за литар
Дизелот од денеска поскап, бензините поевтини
Дизелот поскапува за 5,50 денари, па новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 104,50 денари за литар

Од полноќ важат нови малопродажни цени на нафтените деривати, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Одлуката на Регулаторната комисија предвидува намалување на цената на бензините за 1,5 денар за литар. Така, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 99 денари, а БС-98 по 101 денар за литар.

Од друга страна, дизелот поскапува за 5,50 денари, па новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 104,50 денари за литар.

Се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 7 денари, односно на 102,5 денари за литар.

Мазутот М-1 НС поскапува за 1,835 денари, па неговата нова цена ќе изнесува 50,078 денари за килограм, соопшти РКЕ.

Од Регулаторната комисија објаснуваат дека промената на цените е поврзана со движењата на светските пазари. Во текот на изминатата недела, цената на рафинираниот дизел на медитеранската берза се зголемила за 7 проценти.

Дополнително влијание имало и движењето на курсот на американскиот долар, кој во однос на денарот зајакнал за 1 процент.


Повеќе
Лутник бил предупреден за врската на директорот на Енвидија со шпионка од Кина
Арапската Заедничка листа: Нетанјаху е во хистерија, ќе работиме на негово отстранување од власта
Американскиот секретар за финансии се преселил во воена база по наводните закани за атентат од Иран
Почнува Самитот на светските лидери во рамки на КОП31 во Туркије, во фокусот електрификацијата
Тошковски: За 29 отсто намален бројот на загинати во сообраќајки
Хан Џенг: Кина посветена кон поставување јасни климатски цели за глобалната стабилнот
Курти: Новата влада на Србија да го признае Косово и да го екстрадира Милан Радоичиќ
Сиљновска Давкова: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан
Ердоган на средба со бразилскиот колега Лула: Зајакнување на соработката во трговијата и одбраната
Средба Ердоган-Гутереш за регионални и глобални прашања
Зеленски: Европа да избере претставник за разговорите со Русија и САД
Институтот Јунус Емре додели сертификати за турски јазик на вработени во Министерството за одбрана
САД ќе продолжат да му наметнуваат „разорни“ трошоци на Иран, ѝ порача Рубио на групата Г7
Ердоган ветува зајакнување на националното единство на Туркије преку нови иницијативи
Тошковски: „Безбеден град“ се проширува со мобилни камери и контроли на црните сообраќајни точки