| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Блискиот Исток треба да остане господар на своите работи, порача од Каиро кинескиот претседател Кси
Народите од Блискиот Исток треба да останат господари на своите работи и треба да се отфрли надворешното мешање, рече Кси во Каиро, повикувајќи ги Кина и Египет заеднички да се спротивстават на унилатерализмот и актите на малтретирање
Блискиот Исток треба да остане господар на своите работи, порача од Каиро кинескиот претседател Кси
Кси пристигна во Каиро вчера на дводневна државна посета, прва негова посета на Египет во последните 10 години

Кинескиот претседател Кси Џинпинг денес ги поддржа земјите од Блискиот Исток во изградбата на нова безбедносна архитектура и истакна дека палестинското прашање не треба да биде маргинализирано.

Кси го изјави ова за време на разговорите на највисоко ниво со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во Каиро, објави кинеската државна новинска агенција Синхуа.

„Кина ги поддржува земјите од регионот во изградбата на нова безбедносна архитектура за Блискиот Исток“, рече Кси, спротивставувајќи се на надворешното мешање во регионот.

„Народите од Блискиот Исток треба да останат господари на своите работи и треба да се отфрли надворешното мешање“, рече тој, повикувајќи ги Кина и Египет „заеднички да се спротивстават на унилатерализмот и актите на малтретирање“.

Си повика на „сеопфатно решение за заедничката безбедност“ во регионот и рече дека палестинското прашање „останува суштина на прашањето за Блискиот Исток и никогаш не треба да биде занемарено или маргинализирано“.

Исто така, тој повика на поддршка за „ефикасната улога“ на ОН во регионот и упати повик надворешните сили да се откажат од „двојните стандарди“ на Блискиот Исток.

Во услови на тензии во Ормускиот Теснец поради војната меѓу САД и Иран, Кси рече дека Кина е „подготвена да работи“ со земјите од Блискиот Исток за „заштита на безбедноста на меѓународните поморски патишта“.

Кси пристигна во Каиро вчера на дводневна државна посета, прва негова посета на Египет во последните 10 години.

Кинескиот претседател и Сиси зборуваа за зајакнување на билатералната соработка и регионалните случувања за време на разговорите во палатата Ал-Итихадија во Каиро.

Кси ги повика Кина и Египет да „создадат нови можности за соработка во областа на зелената енергија, електричните возила, воздухопловството и вселенската индустрија, дигиталната економија и современата земјоделска технологија“.

Во 1956 година Египет стана прва арапска и африканска земја што воспостави дипломатски односи со Народна Република Кина.

Двете земји воспоставија стратегиско партнерство во 1999 година, а односите ги подигнаа на ниво на сеопфатно стратегиско партнерство во декември 2014 година.


Повеќе
Туркије ја осудува глорификацијата на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ
Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава
Аргентина поднесе кривична пријава против нафтени компании за дупчење на Фолкландските Острови
Иран се закани со создавање поморска зона со ограничен пристап во Персискиот Залив
Главниот обвинител на Украина поднесе оставка поради обвиненија за корупција
Илјадници Бразилци се собраа во поддршка за Болсонаро во тесната претседателска трка против Лула
Најмалку 73 лица ранети во нападите на Хутите врз Саудиска Арабија
Владата на Србија испрати предлог до Вучиќ за распуштање на Собранието и распишување избори
Одборот за мир вели дека Израел мора да ги спроведе обврските за Газа
Ердоган: Туркије нема да дозволи нејзиниот пат кон просперитетот да биде блокиран
Гаши: Државноста не се постигнува само со еден политички акт, државата се гради секој ден
Европската комисија без осуда на погребот на Младиќ
Воениот злосторник Ратко Младиќ погребан со воени почести во Белград
Потпишан Меморандум за институционална соработка со Катар во областа на трудот
Потпишан договор за распоредување косовски војници во Газа