| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина
„Пораката е едноставна: на Македонија и на регионот не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина. Време е реформите и трудот на нашите граѓани да бидат соодветно вреднувани“
Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина
Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина / Other

Премиерот на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски соопшти дека на Минхенската безбедносна конференција учествувал на тркалезната маса „Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ“, на која, како што наведе, ги претставил позициите на земјава за проширувањето на Европската Унија.

Во објава на неговиот Фејсбук профил, Мицкоски наведува дека пораката, според него, е едноставна и оти на Македонија и на регионот „не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина“. Време е, вели Мицкоски, реформите и трудот на македонските граѓани да бидат соодветно вреднувани.

„Денес на Минхеската безбедносна конференција учествував на тркалезната маса „Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ" каде што јасно ги претставив нашите позиции за проширувањето на ЕУ. ​Пораката е едноставна: на Македонија и на регионот не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина. Време е реформите и трудот на нашите граѓани да бидат соодветно вреднувани“, стои во објавата. 

Мицкоски, вчера, на вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција Мицкоски оствари средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со Ричард Гренел, специјален пратеник на претседателот на САД Доналд Трамп за специјални мисии, како и со холандскиот премиер, Дик Схоф, претседателот за глобални прашања и ко-раководител на Глобалниот институт Голдман Сакс Џаред Коен и со Тед Дојч од Американско-еврејскиот комитет.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Советот на министри на БиХ го одобри гласањето на српските граѓани во Босна и Херцеговина
Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во армијата до пензионирање
Мицкоски: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем
Црна Гора го менува Уставот: Задолжителна проверка на интегритетот на кандидатите за Владата
Ангелов во Туркије на Конференцијата за управување со катастрофи
Протестите во Албанија не се смируваат, продолжуваат судирите со полицијата
Одбележана 23-годишнината од смртта на Алија Изетбеговиќ
Мехмет Булут избран за ректор на Меѓународниот балкански универзитет
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
Собранието ја продолжи кризната состојба со нафта до април 2027 година
Андоновски од Сеул: Пристапот до ВИ ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
АХВ: Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
Четврта ноќ протести во Албанија: Студентите бараат оставка од премиерот Рама
Анушиќ предупредува на вооружување на Србија: Реториката на Белград е најголем фактор на нестабилност во Југоисточна Европа
По интервенција на Пленковиќ, од заклучоците на ЕУ за Црна Гора се тргнати временските рамки
Зошто 15 октомври се одбележува како Меѓународен ден на белиот стап?
Ескалираа протестите во Тирана: Приведени 35 лица, повредени 14 полицајци