| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Врховниот лидер на Иран ѝ дал на владата одредени овластувања во врска со преговорите со САД
Се обидуваме да го решиме проблемот, односно конфликтот со САД, преку преговори, врховниот лидер на револуцијата, Моџтаба Хемнеи ѝ даде на владата соодветни овластувања во врска со тоа прашање, рече претседателот на Иран, Пезешкијан
Врховниот лидер на Иран ѝ дал на владата одредени овластувања во врска со преговорите со САД
Хамнеи претходно ѝ нареди на иранската војска ажурирање на целите- сите видови американски материјални и нематеријални средства да бидат во дометот

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, ѝ дал на владата „одредени овластувања“ во врска со мировните преговори со Вашингтон, објавија иранските државни медиуми.

Пезешкијан изјави дека Техеран сака да го реши конфликтот со САД преку дијалог, со поддршка и согласност од врховниот лидер, објавува „Иран Интернешнл“.

Но врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, претходно ѝ наредил на иранската војска ефикасно да одговори на сите закани, истакнувајќи дека одговорот не треба да биде ограничен од географијата.

Тој, исто така, наредил ажурирање на списокот на цели, така што сите видови американски материјални и нематеријални средства ќе бидат во дометот на иранските вооружени сили.

„Се обидуваме да го решиме проблемот, односно конфликтот со САД, преку преговори. Врховниот лидер на револуцијата ѝ даде на владата соодветни овластувања во врска со тоа прашање“, рече Пезешкијан, објави неговата прес-служба.

На 28 февруари, САД и Израел започнаа напади врз цели во Иран, на кои Техеран одговори со свои напади.

Кон средината на јуни, Иран и САД потпишаа меморандум за прекин на непријателствата, но подоцна повторно разменија напади, а конфликтот до ден-денес не е решен.

Техеран претходно објави дека му понудил на Вашингтон план од седум услови, кој предвидува можност за отворање на Ормускиот Теснец во замена за укинување на поморската блокада и ограничувањата за извоз на иранска нафта.

Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли тој предлог.

Иранското Министерство за надворешни работи потоа објави дека го добило одговорот на САД за предложениот план и дека, преку Катар, ја пренело својата проценка за тој одговор до Вашингтон.

Повеќе
Арапските партии во Кнесетот се координираат за смена на владата на Нетанјаху
Сиљановска-Давкова и ја честиташе изборната победа на Јотова во Бугарија
Израел го подигна нивото на воена готовност пред изборите во САД
Трамп би можел да започне нуклеарен напад врз Иран во рок од неколку дена, тврди коментатор
Трамп одржува митинзи во последниот викенд пред американските избори на средината на мандатот
Иран: Продолжуваме со размена на пораки со САД преку медијаторите
Која е Илијана Јотова - Првата жена избрана за претседателка на Бугарија
Аферата Фајзергејт на чекање: Обвинителите на ЕУ сè уште ја чекаат изјавата на Фон дер Лајен
Војната меѓу Русија и Украина стигна до орбитата-прва „блиска средба“ на сателити
Европа мора да се „разбуди“, но во каква реалност? Крајната десница и новиот општествен договор
Големи донатори, поголеми влогови: Парите ги обликуваат трките на среднoрочните избори во САД
Избори во Израел: Што значат рекордните бројки на арапските партии за ционистичката политика
Како растечките тензии меѓу САД и Украина ќе го обликуваат текот на војната?
Трамп не планира да го поддржи тврдењето на Болсонаро дека е лидер на Бразил
Брнабиќ: Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември
Лапид вели дека Нетанјаху „нема начин“ да формира влада по изборите во Израел
Дневни блиц вести 30.10.2026
Катарските посредници повторно во Техеран за обнова на преговорите САД-Иран
Претседателот Ердоган ја истакна солидарноста меѓу турските држави
Џ.Д. Венс тврди дека Трамп нема да дозволи „вечна“ војна во Иран