Првиот турски дипломат Фидан разговараше со Руте ген-секот на НАТО за Газа и Украина

Фидан и Руте разговарале за напорите за завршување на војната меѓу Русија и Украина, како и за најновите случувања во Појасот Газа

Турскиот министер за надворешни работи разговараше за Газа и Украина со шефот на НАТО / AA

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан телефонски разговараше со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при што се осврнаа на клучните прашања за конфликтите во Газа и Украина.

Извор од турското Министерство за надворешни работи изјави дека Фидан и Руте разговарале за напорите за завршување на војната меѓу Русија и Украина, како и за најновите случувања во Појасот Газа, кој е цел на брутални израелски напади од октомври 2023 година.

Тие разговараа и за подготовките за самитот на лидерите на НАТО, кој ќе се одржи на 24 и 25 јуни во Хаг, Холандија.