Трамп: Голем ден во Иран, уништивме многу цели

„Голем ден во Иран. Многу долго барани цели беа елиминирани и уништени од нашата голема војска, најдобрата и најсмртоносната во светот“, напиша Трамп

By
Трамп: Голем ден во Иран, уништивме многу цели / AP

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските сили извршиле големи напади врз Иран, тврдејќи дека голем број цели биле уништени.

„Голем ден во Иран. Многу долго барани цели беа елиминирани и уништени од нашата голема војска, најдобрата и најсмртоносната во светот“, напиша Трамп.

Тој не даде дополнителни детали за целите.

Претходно Трамп за новинарите изјави дека тој ден уништиле голем број цели.