Американскиот претседател Доналд Трамп денес втор ден јавно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху само неколку часа пред нивната закажана средба во Белата куќа.
Во интервјуто за Фокс њуз Трамп изјави дека израелскиот премиер Нетанјаху требало приватно да разговара со него за загриженоста околу иранската подземна нуклеарна постројка на планината Пикакс наместо прашањето да го отвора во јавност.
Трамп изјави дека Нетанјаху го потенцира значењето на овој објект во обид да го убеди Вашингтон да остане инволвиран во конфликтот со Иран.
„Не ми треба Биби да ми кажува“, изјави Трамп, додавајќи дека САД се целосно свесни за случувањата во постројката и знаат „точно што се случува“.
Исто така, тој предупреди дека САД „многу лесно ќе ја неутрализираат [постројката]“ доколку Иран не постигне договор со Вашингтон.
Трамп ги даде овие изјави еден ден откако го отфрли противењето на Нетанјаху на наводната продажба на американско оружје за Туркије.
Реагирајќи на израелските критики за можната продажба на оружје на Анкара, Трамп ја истакна важноста на Туркије како сојузник на САД, го опиша претседателот Реџеп Таип Ердоган како пријател и порача дека никој нема да му диктира каква воена опрема смеат да продаваат САД.
Се очекува Трамп и Нетанјаху да се сретнат подоцна во Белата куќа, при што во фокусот на разговорите ќе бидат Иран, Газа и пошироката регионална безбедност.



















