| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Црна Гора: Уапсени пет лица во операција против руската информативна мрежа „Рибар“
Весникот Побједа од Подгорица, повикувајќи се на извори од безбедносниот сектор, наведува дека уапсениот Михаил Звинчук е полковник во руската воена разузнавачка служба, задолжен за хибридни операции
Црна Гора: Уапсени пет лица во операција против руската информативна мрежа „Рибар“
Рибар е медиумска и информативна мрежа основана во 2018 година, која се здоби со меѓународна препознатливост за време на руската инвазија врз Украина

Црногорската полиција, во соработка со Агенцијата за национална безбедност (АНБ), утрово започна операција за апсење лица осомничени за поврзаност со руската информативна мрежа „Рибар“.

Во текот на акцијата во Рисан биле уапсени пет лица, објавија црногорските медиуми.

Меѓу уапсените се Михаил и Валерија Звинчук- за кои се наведува дека се клучни фигури во мрежата- како и тројца нивни соработници, според Радио-телевизија Црна Гора (РТЦГ), која се повикува на извори запознаени со операцијата.

Весникот Побједа од Подгорица, повикувајќи се на извори од безбедносниот сектор, наведува дека Михаил Звинчук е полковник во руската воена разузнавачка служба (ГРУ) задолжен за хибридни операции.

Засега овие тврдења не може независно да се потврдат.

„Рибар“ е руска медиумска и информативна мрежа основана во 2018 година, која се здоби со меѓународна препознатливост за време на руската инвазија врз Украина. Првично фокусирана на воени анализи и известување за конфликтот, таа подоцна прерасна во мрежа од комуникациски канали.

Според црногорските медиуми, западните институции ја поврзуваат оваа мрежа со ширењето проруски наратив, пропагандни активности и операции за информациско влијание.

Црногорските власти сè уште не објавија дополнителни детали за апсењата ниту, пак, ги прецизираа конкретните кривични обвиненија поднесени против осомничените.

Повеќе
Јужноафриканската правничка Нави Пилеј ја доби Нобеловата награда за мир за 2026 година
Црна Гора: Уапсени пет лица во операција против руската информативна мрежа „Рибар“
Иран и САД размениле нови предлози за преговори, му рекол Пезешкијан на Путин во Туркменистан
Израел уби седум Палестинци во вчерашните напади низ Газа
Хрватска: Уапсени неколку лица под сомнение за организиран криминал и нелегално отстранување отпад
САД ќе ja емитуваат во живо егзекуција на напаѓачот од Форт Худ од стрелачки одред
Најмалку 10 загинати и 16 повредени при бунт во затвор во Мексико
Франција одговори на училишните протести со ветување за 3.000 дополнителни наставници
Извозот на Туркије во балканските земји во периодот јануари-септември речиси 19 милијарди долари
Агенти на ИЦE застрелале човек во автомобил со дете во Њујорк
Фидан: Одбранбениот пакт од Мека не дозволува напади врз други земји
Претседателите на Иран и Русија разговараа за унапредување на стратешката соработка
Мексико ќе истражува дали припадници на нарко-картели војуваат во Украина
Русија бара екстрадиција за членовите на МКС кои ги судеше во отсуство
Нетанјаху манипулирал со предупредувањата пред 7 октомври за да го заштити својот углед