Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска изјави дека потенцијалните разговори меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин би можеле да се одржат во Туркије.
„Изјавуваме дека преговорите, особено евентуалната средба меѓу претседателот Зеленски и Путин, би можеле да се одржат во Туркије“, изјави Сибиха на заедничката прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во Киев.
Сибиха рече дека директните разговори на највисоко ниво би можеле да помогнат во унапредувањето на напорите за завршување на војната.
„Верувам дека само самит на лидери може да внесе нов импулс во мировниот процес“, рече тој.
„Како Украина, ние сме подготвени за прекин на огнот“, додаде тој.





















