| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Претседателот на Црна Гора свика итна седница на Советот за одбрана поради наводен хибриден напад
Од Кабинетот на претседателот Јаков Милатовиќ изразија дополнителна загриженост поради медиумските наводи дека висок функционер во Владата е под влијание на лица од криминални структури
Претседателот на Црна Гора свика итна седница на Советот за одбрана поради наводен хибриден напад
Oд Кабинетот порачаа дека сериозните безбедносни прашања не смеат да се користат за дневнополитички цели ниту за политички пресметки

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, свика за понеделник, 31 август, итна седница на Советот за одбрана и безбедност, откако премиерот Милојко Спајиќ изнесе наводи за постоење сериозни безбедносни информации за координирано хибридно дејствување чија цел е дестабилизација на државата.

Од Кабинетот на претседателот соопштија дека на седницата ќе бидат поканети челниците на безбедносниот сектор, од кои ќе бидат побарани прецизни информации за сите изнесени наводи, како и целосна проценка на безбедносната состојба.

„Претседателот на Владата вчера соопшти дека постојат сериозни оперативни безбедносни информации за координирано хибридно дејствување чија цел е дестабилизација на Црна Гора. Имајќи ги предвид тврдењата изнесени од премиерот за такво дејствување, се поставува прашањето што преземаат надлежните институции во врска со тоа“, се наведува во соопштението.

Од Кабинетот на претседателот изразија дополнителна загриженост поради медиумските наводи дека висок функционер во Владата е под влијание на лица од криминални структури.

„Јавноста има право да знае за кој функционер станува збор и кој ја сноси одговорноста доколку таквите сознанија биле познати при неговото именување или за време на извршувањето на функцијата, како и што презеле надлежните институции“, се наведува во соопштението.

Во исто време, од Кабинетот порачаа дека сериозните безбедносни прашања не смеат да се користат за дневнополитички цели ниту за политички пресметки.

„Прашањата што се однесуваат на безбедноста и стабилноста на државата мора да се разгледуваат одговорно, врз основа на факти и преку институциите на системот“, се заклучува во соопштението.

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ вчера соопшти дека добил сериозни информации од безбедносниот сектор дека исполнувањето на условите за полноправно членство на Црна Гора во ЕУ ќе биде проследено со координирани хибридни напади врз земјата, во кои, како што рече, се вклучени функционери на најмалку две држави од регионот.

Повеќе
Аксиос: САД бараат сопственички удел во венецуелската нафта
Карни го отфрли преименувањето на Онтарио во „Езеро Америка“ од страна на Трамп
Пакистанскиот премиер: Одбранбениот пакт од Мека испрати порака за единство и мир низ целиот регион
„Безбеден град“ ќе ги казнува и мотоциклистите за брзо возење
Иран вели дека враќањето на дипломатијата со САД „не е невозможно“
Четиригодишно девојче од Газа сонува повторно да оди и да си игра по ампутацијата
Ричардоне: Туркије нема особен политички интерес од поттикнување непријателство со Израел
Израел продолжува со нападите врз јужен Либан со артилерија и митралески оган
Гутереш: Солидарност со жртвите на злосторствата на Младиќ, осуда за негирањето на геноцидот
Почина норвешкиот крал Харалд V
Непал: Бројот на загинати во поплавите се искачи на 472, над 1.000 лица се водат како исчезнати
Ердоган разговараше за регионалните прашања со африканските лидери
Пезешкијан: Иран може да ги надмине болните настани со Катар и да ја продолжи соработката
Грлиќ Радман: Силите под команда на Младиќ оставија крвава трага низ Хрватска и БиХ
Трапм: Путин нема да нападне територија на НАТО