| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Арагчи: Иран спроведува интензивна шатл-дипломатија преку Катар и Пакистан
Иран е подготвен и за воени сценарија повеќе од кога било досега, а секое обновување на воените дејствија или измама ќе наиде на одговор кој ќе биде многу построг отколку претходно, изјави иранскиот министер за надворешни работи
Арагчи: Иран спроведува интензивна шатл-дипломатија преку Катар и Пакистан
Арагчи рече дека Техеран претставил јасен план и услови за дипломатско решавање, оставајќи му го следниот чекор на Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека Техеран води интензивни дипломатски контакти преку катарски и пакистански посредници, кои вклучуваат десетици телефонски разговори и „интензивна шатл-дипломатија“.

Во изјава за иранската државна новинска агенција ИРНА, дадена по завршувањето на посетата на Туркменистан во понеделникот, Аракчи рече дека Техеран претставил јасен план и услови за дипломатско решение, оставајќи му го следниот чекор на Вашингтон.

„Ги објавивме нашите конкретни услови и го претставивме нашиот формулиран план; сега сè зависи од тоа колку политички разум ќе надвладее кај американската страна и дали постои волја да се избере мудриот пат на дипломатијата, или пак, како во претходните случаи, ситуацијата да се турне кон агресија и воени дејствија“, рече тој.

Арагчи изјави дека Иран е подготвен и за дипломатски и за воени сценарија „повеќе од кога било досега“, предупредувајќи дека секое обновување на воените дејствија или измама ќе наиде на одговор кој ќе биде „многу построг и ќе предизвика поголемо жалење отколку претходно“.

Тој нагласи дека Техеран нема да потклекне пред принуда.

„Легитимните услови“ на Иран

Повторното отворање на Ормускиот Теснец и целосното продолжување на преговорите зависат од безусловното прифаќање на „легитимните услови“ на Иран, додаде тој.

За време на посетата на Туркменистан, Арагчи истакна дека зајакнувањето на односите со соседните земји претставува „непроменлив приоритет“ на иранската надворешна политика.

Тој наведе дека посетата била фокусирана на унапредување на значајни билатерални проекти во областите на енергетиката, транзитот и економската соработка, надоврзувајќи се на договорите постигнати меѓу претседателите на двете земји на маргините на самитот на Заедницата на независни држави во Аваза.

Прашан за посетата на Пекинг на Али Багери Кани, заменик-секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Арагчи ги опиша консултациите како дел од континуираниот стратешки и безбедносен ангажман на Техеран со клучните партнери, насочен кон регионалниот мир и стабилност.

Најновите дипломатски активности се одвиваат во услови на постојани тензии меѓу Техеран и Вашингтон, кои се однесуваат на американската поморска блокада и безбедноста во Ормускиот Теснец – витален воден пат за глобалните испораки на енергенси.

Повеќе
Арапските партии во Кнесетот се координираат за смена на владата на Нетанјаху
Сиљановска-Давкова и ја честиташе изборната победа на Јотова во Бугарија
Израел го подигна нивото на воена готовност пред изборите во САД
Трамп би можел да започне нуклеарен напад врз Иран во рок од неколку дена, тврди коментатор
Трамп одржува митинзи во последниот викенд пред американските избори на средината на мандатот
Иран: Продолжуваме со размена на пораки со САД преку медијаторите
Која е Илијана Јотова - Првата жена избрана за претседателка на Бугарија
Аферата Фајзергејт на чекање: Обвинителите на ЕУ сè уште ја чекаат изјавата на Фон дер Лајен
Војната меѓу Русија и Украина стигна до орбитата-прва „блиска средба“ на сателити
Европа мора да се „разбуди“, но во каква реалност? Крајната десница и новиот општествен договор
Големи донатори, поголеми влогови: Парите ги обликуваат трките на среднoрочните избори во САД
Избори во Израел: Што значат рекордните бројки на арапските партии за ционистичката политика
Како растечките тензии меѓу САД и Украина ќе го обликуваат текот на војната?
Трамп не планира да го поддржи тврдењето на Болсонаро дека е лидер на Бразил
Брнабиќ: Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември
Лапид вели дека Нетанјаху „нема начин“ да формира влада по изборите во Израел
Дневни блиц вести 30.10.2026
Катарските посредници повторно во Техеран за обнова на преговорите САД-Иран
Претседателот Ердоган ја истакна солидарноста меѓу турските држави
Џ.Д. Венс тврди дека Трамп нема да дозволи „вечна“ војна во Иран