| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Европската комисија без осуда на погребот на Младиќ
Слушнавме дека е планиран погреб со државни почести, но тоа не се случи, изјави портпаролката на Европската комисија, Паула Пињо, која на прашањата на новинарите врз основа на што е тоа тврдење, рече дека ЕК јасно го искажала својот став
Европската комисија без осуда на погребот на Младиќ
Хашкиот осуденик Ратко Младиќ беше погребан во понеделник во семејната гробница на гробиштата Топчидер во Белград со црковни обреди и воени почести

Европската комисија смета дека погребот на починатиот воен злосторник Ратко Младиќ во понеделник во Белград не се одржaл со државни почести, и покрај фактот што министрите во српската влада присуствувалe на погребот, а војниците го чувале ковчегот.

„Слушнавме дека е планиран погреб со државни почести, но тоа не се случи“, изјави портпаролката на Комисијата, Паула Пињо.

На инсистирање на новинарите, врз основа на што се тврди дека не е погреб со државни почести ако државните институции, армијата и министрите и државното знаме се вклучени во испраќањето, портпаролката Пињо изјави дека на Србија е да одлучи како ќе го организира погребот.

„Јасно го искажавме нашиот став“, рече таа.

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), пак, објави соопштение од портпарол во кое се осудува величењето на воените злосторници, но без експлицитно да се спомене Србија.

„Секое глорификација на воени злосторници, негирање на геноцид и ревизионизам се спротивни на најфундаменталните европски вредности и немаат место во ЕУ или во земјите кандидати за членство во ЕУ. Помирувањето и добрососедските односи на Западен Балкан остануваат клучни за градење заедничка иднина“, се вели во соопштението.

Повеќе
Русија и Северна Кореја го отворија првиот патен мост преку реката Тумен
Јапонската метеоролошка агенција издаде највисоко предупредување за свлечиште за островот Ниџима
Студија: Израел изгуби 1.370 лекари за три години поради интензивирањето на одливот на мозоци
Иран ја предупредува Јужна Кореја за „сериозни последици“ поради воената улога во Ормускиот теснец
АФД слави историска победа на изборите во Саксонија-Анхалт
Осма жртва од западнонилска треска
Турската министерка Оздемир Ѓокташ оствари средба со претседателот на Собранието на РСМ, Африм Гаши
Туркије и Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка во областа на социјалните услуги
Израелски весник со план за задолжените Американци: Отпишување на долгот, па во инвазија на Иран
Туркије работи на завршување на војната меѓу САД и Иран, му рекол Ердоган на лидерот на ОАЕ
Како покраинските избори во Германија го тестираат патот на крајната десница до власта
Турска претприемачка ги претвора фрлените школки во вештачки гребени
Бесконечно играње игри:Каде завршува интензивната ангажираност, а каде започнува штетното однесување
Како еден турски мајстор ја усовршил уметноста на интарзија на седеф
Две години по убиството на турско-американската активистка на Западниот Брег нема истрага во САД