| Macedonian
СПОРТ
1 мин читање
Синер и Зверев ќе се борат за титулата во Вимблдон
Најдобриот на светот, Италијанецот Јаник Синер, беше подобар од Новак Ѓоковиќ со 6:4, 6:4, 6:4 во натпревар многу сличен на оној од претходната година, во истата фази, и така го продолжи својот пат кон одбрана на трофејот
Синер и Зверев ќе се борат за титулата во Вимблдон
За Зверев, ова е убедливо најдобриот резултат на Ол Ингланд Клубот, бидејќи досега најдалеку доаѓаше до осминафиналет

Јаник Синер против Александар Зверев ќе ја брани тутлата на Вимблдон. Двајцата со 3:0 славеа во полуфиналните пресметки против Артур Фери, односно Новак Ѓоковиќ.

Најдобриот на светот, Италијанецот Јаник Синер, беше подобар од Новак Ѓоковиќ со 6:4, 6:4, 6:4 и така го продолжи својот пат кон одбрана на трофејот.

Овој натпревар беше многу сличен на оној од претходната година, во истата фаза, а Синер делуваше како непремостлива пречка, и поради неговиот сервис и поради неговата одлична игра од основната линија.

Колку беше самоуверен и доминантен, покажува фактот што му дозволи на Србинот само една брејк-топка.

Германецот Александар Зверев, победникот на Ролан Гарос ја победи локалната сензација, квалификантот Фери со 7:6 (0), 6:2, 6:4, по два часа и 15 минути игра.

За Зверев, ова е убедливо најдобриот резултат на Ол Ингланд Клубот, бидејќи досега најдалеку доаѓаше до осминафиналето.

Фери, кој го започна турнирот на 114-то место во светот, од понеделник ќе биде 36. на АТП листата, што е огромен скок за човек кој живее веднаш до комплексот Вимблдон.

Мечот за титулата се игра в недела со почеток во 17 часот.

Повеќе
Кремљ: Внимателно ќе го следиме Самитот на подготвените за Украина
Алиев: Односите меѓу Туркије и Азербејџан се модел што треба да го земат како пример соседните земји
Израелската армија урива и пали куќи во јужен Либан и покрај рамковниот договор
Кина пак апелира за слободен и безбеден сообраќај низ Ормуз по обновените напади меѓу САД и Иран
Турскиот и египетскиот министер за одбрана на средба за проширување на безбедносната соработка
Собранието разреши седум министри во рамки на реконструкцијата на Владата
Мицкоски: Реконструкцијата на Владата носи нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност
Дизелот поскапува за 5,50 денари, бензините за 1,50 денари
Јилмаз: Силната одбранбена индустрија е клучна за стратешката независност на Туркије
Туркије достави 30 тони хуманитарна помош за Венецуела по катастрофалните земјотреси
ЦЕНТКОМ: САД завршија нов бран напади врз Иран
Иран тврди дека ги погодил американските воени објекти во Бахреин и радарските системи во Оман
Министрите за надворешни работи на ЕУ разговараат за новите санкции кон Русија
Зеленски ја смени премиерката Свириденко, најави реконструкција на украинската влада
Иран го затвори Oрмуз, ги напаѓа земјите од Персискиот Залив по нападите на САД