Американската војска нападна уште еден брод во Карибите, убиени тројца „наводни“ шверцери на дрога
Според досегашните податоци, од септември 2025 година, САД извршиле повеќе од 40 напади врз бродови за кои тврдат дека се поврзани со трговија со дрога во карипскиот регион, во кои наводно загинале најмалку 145 лица
Американската војска денес објави дека погодила брод во Карибите, наводно поврзан со нарко-картели при што загинале тројца мажи, што е најновиот ваков инцидент во последните месеци.
Војската во соопштение на платформата X соопшти дека бродот бил вклучен во операции за трговија со дрога.
Јужната команда на САД пред седум дена објави дека извршила три воздушни напади врз бродови, наводно поврзани со нарко-картели, во водите на Тихиот Океан и Карипското Море, при што биле убиени 11 осомничени шверцери на дрога.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го фали својот успех во уништувањето на бродови за кои се сомнева дека шверцуваат дрога во областа.
Според досегашните податоци, од септември 2025 година, САД извршиле повеќе од 40 напади врз бродови за кои тврдат дека се поврзани со трговија со дрога во карипскиот регион, во кои наводно загинале најмалку 145 лица.