| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Тројца загинати во пад на новински хеликоптер во Лос Анџелес
Хеликоптерот бил еден од неколкуте летала на медиумите кои известувале за сообраќајна несреќа во населбата Чатсворт каде се судриле автобуси
Тројца загинати во пад на новински хеликоптер во Лос Анџелес
Причините за несреќата сѐ уште не се познати

Три лица загинаа, а две се повредени откако новински хеликоптер се урна во предградие на Лос Анџелес.

Во моментот на уривањето, новинарската екипа во хеликоптерот известувала од местото за друга тешка сообраќајна несреќа што претходно се случила во таа област.

Хеликоптерот бил на телевизијата Ен-Би-Си Лос Анџелес, но работел и за Телемундо 52.

Според противпожарната служба на Лос Анџелес, хеликоптерот паднал меѓу две комерцијални згради, по што избувнал пожар што зафатил четири возила и два контејнери за складирање.

На местото на несреќата биле испратени повеќе од 70 пожарникари.

Од полицијата засега не соопштија колку лица се наоѓале во хеликоптерот во моментот на несреќата, а не е објавен ниту идентитетот на загинатите.

Хеликоптерот бил еден од неколкуте новинарски летала кои известувале за сообраќајна несреќа во Чатсворт каде се судриле автобуси.

Истрагата за падот на хеликоптерот ќе ја води Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ).

За време на известувањето во живо на телевизијата, водителката на вестите Колин Вилијамс потврди дека се урнал хеликоптерот на локалната новинска станица.

„Знаевме дека сме го изгубиле контактот со нашите луѓе таму и штотуку добивме потврда“, рече таа.

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас на Х напиша дека е апсолутно скршена од загубата на животи во Чатсворт.

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, пак, вели дека нивните срца се со жртвите и семејствата на катастрофалните несреќи со автобуси и хеликоптери во Чатсворт, но и со целото семејство на Ен-Би-Си 4.

Повеќе
Големи донатори, поголеми влогови: Парите ги обликуваат трките на среднoрочните избори во САД
Теленовела во живо: Приказната за семејството Болсонаро
Избори во Израел: Што значат рекордните бројки на арапските партии за ционистичката политика
Како растечките тензии меѓу САД и Украина ќе го обликуваат текот на војната?
Врховен суд ги укина пресудите за пожарот во модуларната болница во Тетово
Зеленски доаѓа во Туркије на разговори со Ердоган за војната во Украина и безбедноста во Црното Moре
Емине Ердоган повикува на посилна соработка во однос на жените и семејствата низ туркискиот свет
Трамп не планира да го поддржи тврдењето на Болсонаро дека е лидер на Бразил
Ердоган: Нема трајно решение за Кипар без заштита на правата на кипарските Турци
Брнабиќ: Претседателските избори во Србија ќе бидат распишани до 27 ноември
Лапид вели дека Нетанјаху „нема начин“ да формира влада по изборите во Израел
Од 1 мај директна авионска линија меѓу Скопје и Тиват
Дневни блиц вести 30.10.2026
Катарските посредници повторно во Техеран за обнова на преговорите САД-Иран
Претседателот Ердоган ја истакна солидарноста меѓу турските држави