| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Трамп очекува договор за прекин на огнот со Иран и повторно отворање на Ормуз следната недела
Претседателот на САД сугерира дека мировниот договор со Иран би можел да биде поважен од воена победа, опишувајќи го како сложен процес во кој е вклучена голема сила, каде што дипломатијата останува тешка, но потенцијално потрајна
Трамп очекува договор за прекин на огнот со Иран и повторно отворање на Ормуз следната недела
Некои американски медиуми и во случај на целосно предавање на Иран ќе известат како Техеран постигнал брилијантна победа над САД, рече Трамп / Reuters

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе има договор со Иран за продолжување на прекинот на огнот и повторно отворање на Ормускиот Теснец „во текот на следната недела“.

„Изгледа добро, изгледа добро“, изјави тој за Еј-Би-Си Њуз во телефонско интервју. „Денес имаше мал проблем, но го поправив многу брзо, како што веројатно забележавте претходно“.

Тој рече дека „проблемот“ бил што Иранците биле вознемирени поради нападите на Израел врз Либан.

Во понеделник, Либан соопшти дека Хезболах го прифатил предлогот на САД да престане да го напаѓа Израел во замена за тоа Израел да ги запре нападите врз јужен Бејрут, откако Трамп објави дека имал „многу добар разговор“ со групата.

Според договорот, кој Хезболах го прифатил, како што соопшти либанската амбасада во Вашингтон, „израелските напади врз Дахија- јужното предградие на Бејрут - ќе престанат во замена за тоа Хезболах да се воздржи од напади врз Израел“.

„Значи, разговарав со Хезболах и реков без пукање, и разговарав со Биби (израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху) и реков без пукање, и двајцата престанаа да пукаат еден во друг“, рече тој.

Трамп рече дека мировниот договор со Иран би можел да биде „дури и подобар од воена победа“.

„Тоа не е едноставна работа“, рече тој. „Зборувате за навистина голема земја - тие - многу голема земја што склучува договор. Навистина огромно непријателство.“

„Значи, не е лесно за нив. Всушност, не е лесно ниту од наша гледна точка. Но го добиваме она што ни треба.“

Што се однесува до тоа кога ќе бидат завршени и договорени договорот за продолжување на прекинот на огнот и меморандумот за разбирање за повторно отворање на теснецот, Трамп рече: „Мислам дека зво текот на следната недела.“

Тој рече дека сè уште не се согласил на тоа бидејќи „сè уште треба да добијам уште неколку поени.“

Трамп во објава на неговата социјална мрежа Вистина (Truth Social) денес остро критикуваше одредени американски медиуми, тврдејќи дека дури и во случај на целосно предавање на Иран, тие ќе известат како Техеран постигнал „брилијантна победа“ над САД.

„Ако Иран се предаде, признае дека неговата морнарица е уништена и се наоѓа на дното на морето, дека неговите воздухопловни сили практично повеќе не постојат, и ако целата армија го напушти Техеран, го фрли оружјето и извика со кренати раце: „Се предавам, се предавам“, мавтајќи со бело знаме како симбол на предавање, и ако преостанатото раководство ги потпише сите потребни документи за капитулација и признае пораз од големата сила и моќ на величествените САД, неуспешниот Њујорк Тајмс, Чајна стрит џурнал (Волстрит џурнал), корумпираната и сега неважна Си-Ен-Ен, како и сите други лажни медиуми, ќе објават во своите наслови дека Иран постигнал брилијантна победа над Соединетите Американски Држави и тоа убедливо“, рече Трамп.

Повеќе
Среде геноцидната војна на Израел, палестинските сестри градат надеж од урнатините на Газа
Под блокада на гориво: Колку долго кубанската влада може да преживее економски притисоци?
Израелската армија ги предупредува жителите на три либански градови да се евакуираат
Иран: Испалилени предупредувачки истрели кон американски разорувачи во Оманското Море
Русија и Украина разменија 185 воени заробеници со посредство на ОАЕ
Мерц во историска посета на Црна Гора на самитот во Тиват
Мицкоски: Процесот на проширување на ЕУ е жив, но нема да го жртвуваме националното достоинство
Фон дер Лајен во Тиват: Црна Гора и Албанија вршат одлична работа на патот кон членството во ЕУ
Германската крајнодесничарска AфД во Москва побара оживување на гасоводот Северен тек
Фидан во Бангладеш: Туркије се залага за трајно решение за прогонетите Рохинџи
Врховниот лидер на Иран одобри помилување за над 2.000 осуденици
Петмина Азербејџанци убиени во напад со беспилотни летала врз товарни бродови во Азовското Море
Германскиот канцелар Мерц во Тиват: ЕУ мора да покаже политичка волја за проширување
Започна Самитот на Европската Унија и Западен Балкан во Тиват
Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК