| Macedonian
СПОРТ
3 мин читање
Македонските ракометари го завршија настапот на Европското првенство
Кога ќе сумираме се треба да бидеме горди што направивме во овие три натпревари со цврсти, јаки противници, не можам ништо да им замерам на ракометарите, кизјави селекторот Кирил Лазаров
Македонските ракометари го завршија настапот на Европското првенство
Поради освоеното 14. место ракометарите ќе бидат носители во жрепката за баражот за Мундијалот и би требало да добиеме релативно полесен противник / Others

Македонските ракометари го завршија настапот на Европското првенство со победата против Романија со 24:23, во клучниот натпревар од последното коло во групата Б на Европското првенство.

Високиот пораз од домаќинот Данска на стартот, како и ремито со Португалија во второто коло заедно со тесната победа против Романците не беше доволна за пласман во завршната фаза од ЕП.

Постоеше шанса за пласман понатаму, ако ја победевме Романија со поголема разлика бидејќи имавме големо водство во текот на натпреварот, но за тоа ќе требаше убедлива победа на Данска против Португалија. Сепак, актуелниот олимписки и светски шампион претрпе пораз од Португалија (29:31).

Селекторот Кирил Лазаров по натпреварот со Романија изјави дека треба да бидеме горди со настапот на ЕП.

„Кога ќе сумираме се треба да бидеме горди што направивме во овие три натпревари со цврсти, јаки противници. Не можам ништо да им замерам на ракометарите. Нашите амбиции се повисоки. Сакавме во топ 12, мислам дека заслуживме. Против Португалија требаше да имаме напад за победа. Да бидеме поприсебни. Ете така. И Лани во Вараждин, детали не делат од успех“, изјави Лазаров

Сепак, во нашиот табор постои задоволство затоа што ја остваривме една од приматните цели, а тоа е да завршиме во Топ 16 репрезентациите на овој турнир.

Групната фаза од ЕП ќе се комплетира утре, кога ќе биде познат и комплетниот распоред на селекциите од 13 до 24 место. Македонија нема потреба да чека до утре, затоа што јасно е дека нашата репрезентација на крајот ќе заврши на 14-тото место на контиентналниот собир и ќе биде второнајдобро пласирана трета во групите.

Македонија освои три бодови и сигурно ќе биде пред Австрија која одигра три меча и има два бода на третото место во својата А група, исто како и Чешка во Ц групата. Со два бода заврши и Италија која е трета во ф групата, додека Холандија и Грузија немаат ниту еден бод во Е групата и тие сигурно ќе бидат зад нашата репрезентација на крајот од првенството.

Единствено фарски острови или Швајцарија во зависност која селекција ќе биде трета во Д групата, ќе биде на крајот пред Македонија, затоа што тие две селекции имаат подобра гол ралзика од нашата.

Пред почетокот на ЕП, основна цел беше Македонија да биде во Топ 16 репрезентациите, кои ќе добијат повластен третман во ждрепката и квалификациите за следното Светско првенство.

Ова е одлична вест за Македонија затоа што во баражот за Мундијалот во 2027 година треба да добиеме релативно полесен противник, што би значело и продолжување на континуитетот со пласман на завршницата на големите натпреварувања.

Повеќе
Туркије и Словенија ја потврдуваат посветеноста кон зајакнувањето на билатералните односи
Алиу: Со програмата „EУ за здравје“ добивме пристап до 4,4 милијарди евра од фондовите за здравство
Над 2 милиони луѓе се евакуираат откако два тајфуни ѝ се закануваат на Јапонија со обилни дождови
Смртните случаи од давење поврзани со топлотниот бран се искачија на 55 во Франција
Сè повеќе млади Турци посетуваат библиотеки- што го поттикнува овој пораст на интерес?
Хезболах ги отфрла преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД
Данска ги заострува правилата за дозволи за престој за Украинците
Туркије ќе испрати два воени авиони со екипи за пребарување и спасување во Венецуела
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје