| Macedonian
Астронаутите од Артемис II се упатија кон Месечината откако се одвоија од орбитата на Земјата
По 25 часа поминати во орбитата околу Земјата, четиричлениот екипаж го изведе клучниот маневар- т.н. „транс-лунарно вбризгување“, со што капсулата Oрион се насочи кон Месечината
Астронаутите од Артемис II се упатија кон Месечината откако се одвоија од орбитата на Земјата
Во новата траекторија, повеќе нема можност астронаутите да се вратат на Земјата пред да го завршат своето патување околу Месечината / Reuters
3 април 2026

Мисијата Aртемис II на НАСА успешно ја напушти Земјината орбита, означувајќи историски момент- прв пат по повеќе од пет децении луѓе повторно се упатуваат кон Месечината.

„За првпат од 1972 година, во времето на Аполо 17, човечки суштества ја напуштија Земјината орбита“, изјави Лори Глејз од НАСА.

По 25 часа поминати во орбитата околу Земјата, четиричлениот екипаж го изведе клучниот маневар- т.н. „транс-лунарно вбризгување“, со што капсулата Oрион се насочи кон Месечината.

По летот во елиптична орбита што ги однесе околу 70.000 км од Земјата, откако се вратија на надморска височина од само 185 км, клучниот маневар на мисијата беше извршен.

Главниот мотор на Европскиот сервисен модул Орион беше вклучен. За време на околу 6 минути работа, бродот ја зголеми својата брзина за 388 метри во секунда. Ова го стави на патека на летот кон Месечината.

Гравитационите сили на Земјата и Месечината ќе му овозможат да лета по слободна патека за враќање во форма на бројка осум. Не е потребен голем маневар за да се движи бродот околу Месечината, а потоа назад кон Земјата. Ќе биде потребна само мала корекција на траекторијата.

Во новата траекторија, повеќе нема можност астронаутите да се вратат на Земјата пред да го завршат своето патување околу Месечината. Сè е оставено на дејството на инерцијата на вселенското летало и гравитацијата на Земјата и Месечината.

Овој маневар ги става астронаутите на „слободна повратна траекторија“, што значи дека гравитацијата на Месечината ќе им помогне да се вратат назад кон Земјата.

Астронаутот Џереми Хансен изјави дека екипажот бил „залепен за прозорците“, уживајќи во спектакуларниот поглед.

Во мисијата учествуваат и Рид Вајсман (командант), Виктор Гловер (пилот) и Кристина Кох

Леталото ќе достигне околу 406.000 километри од Земјата-повеќе од рекордот поставен од мисијата Аполо 13 во 1970 година. Планирано е во понеделник да прелета покрај Месечината, што ќе биде следната клучна фаза од мисијата.

Иако оваа мисија не вклучува слетување, таа е клучен чекор кон идните планови на НАСА: враќање на човекот на Месечината до 2028 година и поставување основа за мисии кон Марс.

Во меѓувреме, трката со Кина за освојување на Месечината дополнително ја зголемува важноста на програмата.

Излегувањето од Земјината орбита е клучен момент што ја потврдува амбицијата на човештвото повторно да се врати на Месечината. Ако мисијата Aртемис II биде успешна, таа ќе отвори ново поглавје во истражувањето на вселената.

Повеќе
Јастреби или гулаби: Кои се клучните преговарачи во разговорите меѓу Иран и САД во Исламабад?
Пет Палестинци загинале во израелските напади, ученичка во трето одделение убиена во училница
Ердоган му рече на Пезешкијан дека разговорите меѓу САД и Иран треба да обезбедат траен мир
Путин предложи Велигденско примирје, Зеленски го прифати
Почнува целосната примена на ЕЕС системот за влез ЕУ
Моџтаба Хамени: Управувањето со Ормускиот Проток ќе влезе во нова фаза
Мерц: Нема да го ограничиме користењето на воените бази од страна на САД
Фидан: Да продолжи примирјето во Иран, можна е саботажа на Израел
Трамп со „ултиматум“ до европските сојузници за обезбедување на Хормускиот Проток
Иранска делегација отпатува за Пакистан на преговори со САД
ОН: Се влошува трговијата со деца при конфликтот во Јужен Судан
Русија и Украина разменија останки на загинати војници
Иран издава алтернативни транзитни правци во Ормускиот теснец поради страв од мини
Пезешкијан: Израелските напади врз Либан ќе ги направат преговорите со САД бесмислени
Турски брод за дупчење пристигна во Сомалија за прва мисија во длабоко море во странство