| Macedonian
Кина инвестирала 24 милијарди долари во 168 пристаништа низ светот за 25 години
Дури 45,1% од портфолиото на Кина за финансирање прекуокеански морски пристаништа, во вредност од 10,8 милијарди долари, поддржува 29 пристанишни локации во 20 земји со висок приход, меѓу кои Шпанија, Австралија, Нов Зеланд, Сингапур и Брунеи
Кина инвестирала 24 милијарди долари во 168 пристаништа низ светот за 25 години
Истражувачите идентификувале 19 рудници финансирани од Кина во радиус од 500 километри од морските пристаништа финансирани од Кина (Фото: Ројтерс) / Reuters

Кина инвестирала речиси 24 милијарди долари во 168 пристаништа низ светот во период од 25 години, покажува извештајот на ЕјдДата (AidData), истражувачка лабораторија при Универзитетот Вилијам и Мери во САД.

Извештајот е објавен откако Панама неодамна исфрли оператор од Хонгконг од едно од своите пристаништа.

Во периодот помеѓу 2000 и 2025 година Кина вложила речиси 24 милијарди долари во финансирања поврзани со морски пристаништа, во 168 пристаништа во 90 земји со низок, среден и висок приход, се наведува во извештајот насловен „Зацврстување на глобалните амбиции“.

Средствата, во вкупен износ од 23,4 милијарди долари, биле обезбедени со 363 кинески проекти финансирани преку кредити и грантови во текот на овој период.

Во извештајот се прецизира дека меѓу најфинансираните пристаништа се меѓународното пристаниште Хамбантота во Шри Ланка - 1,97 милијарди долари, пристаништето Њукасл во Австралија - 1,32 милијарди долари и пристаништето Криби во Камерун - 1,17 милијарди долари.

На листата се наоѓаат и пристаништето Мелбурн во Австралија - 1,14 милијарди долари и пристаништето Хаифа во Израел - 1,13 милијарди долари.

Во извештајот се наведува дека само во изминатите две години (2024 и 2025 година), Кина издвоила 614 милиони долари ново финансирање за проекти и активности во 11 пристаништа низ светот.

Кинеското финансирање на глобалните морски пристаништа е „речиси рамномерно поделено“ помеѓу земјите со висок приход и земјите со низок и среден приход, се наведува во извештајот.

Во извештајот се истакнува дека 45,1 отсто од портфолиото на Кина за финансирање прекуокеански морски пристаништа, во вредност од 10,8 милијарди долари, поддржува 29 пристанишни локации во 20 земји со висок приход, меѓу кои Шпанија, Австралија, Нов Зеланд, Сингапур и Брунеи.

Извештајот е објавен во време кога Панама, под притисок на Соединетите Американски Држави, го раскинува договорот со компанијата „ЦК Хачисон“ со седиште во Хонгконг.

Поврзување на активностите со пристаништата финансирани од Кина

Во извештајот, исто така, се анализирани и кинеските поморски активности во пристанишните објекти финансирани од Пекинг.

Во него се наведува дека кинеските поморски активности, вклучително закотвување на бродови, посети на болнички бродови и заеднички вежби, се одвивале во повеќе од половина од пристаништата финансирани од Кина, каде што кинески субјекти, исто така, се јавуваат како сопственици или оператори.

„Постои значително помала кинеска поморска активност во пристанишните објекти финансирани од Кина, кои не се во сопственост или под управување на кинески субјекти“, се наведува во извештајот.

Во извештајот, исто така, се идентификувани дополнителни 11,6 милијарди долари предвидени за финансирање на потенцијални или идни проекти во 30 пристаништа, меѓу кои пристаништата Монгла во Бангладеш и Кисуму во Кенија.

Кинески државни кредитори често го поддржуваат купувањето пристанишна опрема, како што се безбедносни скенери или дигалки обезбедени од кинески компании, вклучително „Нуктек“ и „ЗПМЦ“, се вели во извештајот.

Кинеските кредитори имаат вложено 4,7 милијарди долари во пристанишни проекти што вклучуваат таква опрема.

Истражувачите идентификувале 19 рудници финансирани од Кина во радиус од 500 километри од морските пристаништа финансирани од Пекинг.

Извор: АА

Повеќе
НАСА: Астероид со големина на три фудбалски игралишта ќе помине покрај Земјата за три години
Подготвена ЕУ- апликацијата за проверка на возраста на децата на социјалните мрежи
ММФ предупредува: Светот тоне во долгови какви што не се видени од 1945 година
Приходите на Русија од извозот на нафта се зголемија поради војната во Иран
Гугл го обликува пристапот на властите кон ВИ и работните места
Истражување: Приземниот озон сè повеќе се поврзува со смртните случаи од рак
Како „чистите шофершајбни“ во Европа раскажуваат поголема приказна за безбедноста на храната
Пробив во превенцијата од рак, шпанската вакцина Ноус-209 дава охрабрувачки резултати
Сателитските огледала може да го загрозат ноќното небо и екосистемите, предупредуваат научниците
Како повторното откривање на реткиот цвет Рафлезија ја подели глобалната научна заедница
Авиокомпаниите ги зголемуваат цените на билетите и ги намалуваат летовите поради зголемените трошоци
Екипажот на Артемис II вечерва се спушта на Земјата, најкритичниот момент од мисијата
Цените на становите во Скопје се зголемиле за 16,7% на годишно ниво
Пад на цените на нафтата и раст на берзите по договорот меѓу САД и Иран
Астронаутите на Артемис II одлетаа досега најдалеку во вселената од кој било човек пред нив
Астронаутите од Артемис се подготвуваат за прелет покрај Месечината во историската мисија
Во бумот на долговечноста: Каде завршува науката, а почнува фантазијата
Кинеско вселенско летало откри „дупка“ во космичкото зрачење околу Месечината
Зошто луѓето не се вратија на Месечината повеќе од 50 години?
Астронаутите од Артемис II се упатија кон Месечината откако се одвоија од орбитата на Земјата