Авион МиГ-29 на српската армија се урнал утрово во близина на Стара Пазова. Во несреќата загинал пилотот на авионот, мајор Горан Булајиќ, потврди Министерството за одбрана на Србија.
На местото на настанот е излезена воената полиција и известен е надлежниот обвинител.
Според Министерството за одбрана, несреќата се случила околу 8.45 часот, кога се урнал авионот МиГ-29 од 204. воздухопловна бригада.
На местото на несреќата загинал пилотот мајор Горан Булајиќ (53) роден во Белград. Тој бил припадник на српската армија од 1996 година. Зад себе остави две деца.
Формирана е комисија за истрага на вонредниот настан, која има задача да ги утврди околностите на вонредниот настан и евентуалната одговорност на воената организација, како и експертската комисија на воздухопловните сили, која треба да ги утврди причините за авионската несреќа.
Министерот за одбрана Братислав Гашиќ и заменик-началникот на Генералштабот на српските вооружени сили, генерал-потполковник Тиосав Јанковиќ, кој е и командант на воздухопловните сили и противвоздушната одбрана, испратија телеграми со сочувство до семејството на загинатиот пилот на српските вооружени сили.
Заменик-началникот на Генералштабот се упати кон местото на несреќата.




















