| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Туркије на чекор до пласман на Мундијалот по победата против Романија
Романската одбрана капитулираше во 53. минута кога Арда Ѓулер направи одлична асистенција- ја префрли топката преку целата противничка одбрана, Кадиоглу убаво ја смири топката и постигна гол од близина, за голема прослава на домашните навивачи
Туркије на чекор до пласман на Мундијалот по победата против Романија
Туркије ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Словачка и Косово за едно од четирите месата кои водат на Светското првенство / AA
26 март 2026

Турската фудбалска репрезентација e на чекор до пласманот на Светско првенство, откако ја победија Романија со 1:0 во Истанбул во полуфиналето од дополнителните европски квалификации.

Туркије во првото полувреме беше подобрата и подоминантна репрезентација, но до паузата, Романците се бранеа многу добро и дисциплинирано, без ниту една грешка.

Сепак, романската одбрана капитулираше во 53. минута кога Арда Ѓулер направи одлична асистенција- ја префрли топката преку целата противничка одбрана, Кадиоглу убаво ја смири топката и постигна гол од близина, за голема прослава на домашните навивачи.

Само три минути подоцна, Романија имаше идеална шанса веднаш да израмни, но Хаџи не беше прецизен. Потоа играта се разгоре, а Туркије сè уште имаше повеќе шанси. Јилдиз ја промаши најдобрата во 61. минута кога ја погоди пречката.

Ѓулер се закани во 72. минута, додека Романија имаше уште една одлична шанса во 77. минута. Станчиу ја погоди гредата од многу тешка позиција, но топката отскокна и се тркалаше паралелно со гол-линијата. Тоа беше последна шанса за гостинскиот тим да израмни, а Туркије мирно ја зачува својата предност од еден гол до крајот, но беше исклучително вредна.

Туркије ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Словачка и Косово за едно од четирите месата кои водат на Светското првенство.

Денеска на програмата се уште седум средби од полуфиналето од плеј-офот за пласман на претстојниот Мундијал кој се одржува од 11 јули до 19 јули ова лето во САД, Канада и Мексико.

Словачка- Косово (20:45)

Чешка- Р. Ирска (20:45)

Данска- Северна Македонија (20:45)

Италија- С.Ирска (20:45)

Велс- БиХ (20:45)

Полска-Албанија (20:45)

Украина-Шведска (20:45)

Повеќе
Ердоган му рече на Пезешкијан дека разговорите меѓу САД и Иран треба да обезбедат траен мир
Путин предложи Велигденско примирје, Зеленски го прифати
Почнува целосната примена на ЕЕС системот за влез ЕУ
Моџтаба Хамени: Управувањето со Ормускиот Проток ќе влезе во нова фаза
Мерц: Нема да го ограничиме користењето на воените бази од страна на САД
Фидан: Да продолжи примирјето во Иран, можна е саботажа на Израел
Трамп со „ултиматум“ до европските сојузници за обезбедување на Хормускиот Проток
Иранска делегација отпатува за Пакистан на преговори со САД
ОН: Се влошува трговијата со деца при конфликтот во Јужен Судан
Русија и Украина разменија останки на загинати војници
Иран издава алтернативни транзитни правци во Ормускиот теснец поради страв од мини
Пезешкијан: Израелските напади врз Либан ќе ги направат преговорите со САД бесмислени
Турски брод за дупчење пристигна во Сомалија за прва мисија во длабоко море во странство
Иранска хакерска група тврди дека го пробила телефонот на поранешниот израелски началник на армијата
Дуран: НАТО мора да се трансформира за да се соочи со предизвиците на модерното структурно војување