| Macedonian
Мислење
РЕГИОН
3 мин читање
Мртва буква на хартија
Речиси и да нема случај на фемицид во земјава, а во кој на убиецот претходно да не му била изречена судска забрана за приближување на жртвата- насилникот идентификуван и санкциониран според законот, но не е спречено злосторството
Мртва буква на хартија
Собранието не го поддржаа предлогот за законски дополнувања, со кои би се вовела електронска нараквица за следење на сторители на семејно насилство / Reuters
пред 20 часа

Жртвите на семејното насилство во земјава со децении страдаат, како од насилниците, така и од неефикасноста на системот. 

Парадоксалноста на законодавството е очигледна- речиси и да нема случај на фемицид во земјава, а во кој на убиецот претходно да не му била изречена судска забрана за приближување на жртвата. 

Насилникот идентификуван и санкциониран според законот, но не е спречено злосторството. 

Забраната за приближување на жртвата е една од итните и привремени мерки утврдени со Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. 

Истата се донесува како резултат на заедничко постапувањето на центрите за социјална работа, МВР и судовите.

Jавноста за оваа мерка најчесто слуша по случено убиство или претепување и тоа како оправдание на институциите дека, ете, направиле сѐ што е во рамките на законските можности за да ја заштитат жртвата.

Мерката, која теоретски претставува реална можност за превенција на насилството, во пракса е само мртва буква на хартијата. 

Колку што е долга и комплицирана постапката за нејзино донесување, истото важи и за реагирањето во случај на нејзиното прекршување.

Додека жртвата да го извести центарот за социјална работа или полицијата дека насилникот не ја почитувал и ја прекршил мерката за приближување веќе е доцна.

Како една од можностите за подобрување на ефектите на забраната за приближување на жртвата на семејно насилство е користењето на алки за електронски надзор, кои се користат за притвореници или осуденици во куќен притвор.

Но мнозинството пратеници во Собранието пред една недела не го поддржаа предлогот на дел од нивните колеги за законски дополнувања, со кои би се вовела електронска нараквица за следење на сторители на семејно насилство и би ја предупредувале жртвата.

Пред една година пред Собранието беше поднесен истиот текст, кој и тогаш беше одбиен.

Без навлегување во политички прекупувања дали е недоработен или неизводлив предлогот, факт е дека истиот треба да добие подршка, да се стави на јавна расправа за да се вклучат сите заинтересирани страни и да се добие решение кое ќе ги задоволи сите и ќе може брзо да се реализира.

А алките за надзор се само дел од решението, заедно со веќе донесените промени во правилникот за полициско постапување во случаи на семејно насилство.

Треба и да се истакне случајот со воведувањето на системот Безбеден град, кој профункционира 15 години од почетната идеја, премногу долг период во кој беа загубени многу животи поради системски пропусти, но се покажа дека кога нешто навистина се сака може и да се направи.

И во овој случај ќе биде неопходно да се изменат повеќе закони и процедури, а Управата за извршување на санкциите и службата за пробација веќе раполага со алки за надзор, па предлогот може да профункционира за брзо време за да не биде предоцна за жртвите на насилството.

 Игор Шегавиќ

Напомена: Ставовите изразени во овој напис му припаѓаат на авторот и не ја одразуваат нужно уредувачката политика на ТРТ Балкан

Повеќе
Кремљ: САД грешат што економската соработка со Русија ја поврзуваат со војната во Украина
ОАЕ: Пресретнати шест балистички ракети и девет дронови од Иран
Нето надворешниот долг на крајот на минатата година бил поголем за 102 милиона евра
Дуран: Заштитата на вистината е клучна во „ерата на дезинформации“
Зеленски: Украина и Саудиска Арабија постигнаа важен договор за одбранбена соработка
Ердоган: Меѓународниот систем на победниците во Втората светска војна е во длабока криза
Потписот на Трамп ќе се појави на идната американска хартиена банкнота
Саудиска Арабија: Пресретнати и уништени три дронови
Франција стана првата земја од ЕУ што потпиша договор за „сили во посета“ со Филипините
Дронови го нападнаа најголемото пристаниште во Кувајт
Началникот на Генералштабот на Израел предупреди на недостиг од регрути
Кос: Црна Гора треба да ги забрза реформите на патот кон ЕУ
Иран: Американскиот предлог е „едностран“, но вратата кон дипломатијата е сè уште отворена
Трамп му порача на Иран да „стане сериозен пред да биде предоцна“
Ердоган: Геноцидната мрежа на Нетанјаху заслепена од омраза ја користи религијата како покритие