Претседателот на Македонската фудбалска федерација (ФФМ) Масар Омерагиќ, се состана со претседателот на Турската фудбалска федерација, Ибрахим Етем Хаџиосманоглу.
Информацијата Омерагиќ ја сподели на социјалните мрежи.
„Одлична средба со мојот пријател, претседателот на Турската фудбалска федерација, Ибрахим Етем Хаџиосманоглу и неговиот најблизок тим. Разменивме идеи за унапредување на соработката меѓу двете федерации и разговаравме за проекти што можат дополнително да не зближат“, истакна Омерагиќ.
Тој упати благодарност до турскиот колега, упатувајќи порака за успех на турската репрезентација на Мундијалот.
„Благодарност за искреното гостопримство и пријателскиот пречек. На Турција и посакувам многу успеси во периодот што следи. Фудбалот создава пријателства што траат“, додаде Омерагиќ.
Македонската фудбалска репрезентација загуби на 1 јуни во контролен натпревар против Туркије во Истанбул со убедливи 4-0 (2-0) и ја продолжи серијата без победа на осум, а без постигнат гол на четири натпревари.
Гостинските натпревари против Туркије и Босна и Херцеговина беа последна подготовка за македонските фудбалери пред есенските настапи во Б дивизијата во Лигата на нации во групата со Швајцарија, Шкотска и Словенија.
















