Пакистан ги повикува САД и Иран да се вратат на преговорите во рамките на договорот постигнат со посредство на Исламабад, и покрај „постојаниот недостаток на доверба кај двете страни“ што го спречи спроведувањето на договорот, изјави Асим Ифтихар Ахмад пакистанскиот амбасадор во ОН.
Исто така, постои и „благ недостиг на волја“ за спроведување на меморандумот, но Пакистан „истрајува“ во посветеноста на дипломатско решение, рече амбасадорот Ахмад.
„Имаме отворени канали за комуникација со двете страни, и со Иран и со САД, и тоа на високо ниво“, додаде амбасадорот .





















