Иран го отвори Ормускиот теснец за сите бродови
Пловидбата низ Ормускиот теснец ќе биде целосно отворена за сите комерцијални бродови во текот на преостанатиот период од прекинот на огнот, во согласност со договорот за примирје меѓу Израел и Либан, изјави иранскиот МНР Арагчи
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денес изјави дека пловидбата низ Ормускиот теснец ќе биде целосно отворена за сите комерцијални бродови во текот на преостанатиот период од прекинот на огнот, во согласност со договорот за прекин на огнот постигнат меѓу Израел и Либан.
„Преминувањето на бродовите низ теснецот ќе биде дозволено преку координирана рута како што веќе објави Иранската поморска организација“, напиша тој на платформата X.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави дека Израел и Либан ќе започнат 10-дневен прекин на огнот.
Иран претходно изјави дека Либан мора да биде вклучен во секој договор за прекин на огнот меѓу Иран од една страна и Соединетите Американски Држави и Израел од друга страна.
Американскиот претседател го поздрави иранското соопштение дека Ормуз е отворен за бродови
„Иран штотуку објави дека Иранскиот теснец е целосно отворен и подготвен за премин. Ви благодарам!“, напиша Трамп на неговата платформа Вистина (Truth Social).