На учесниците на курсевите по турски јазик, организирани од Институтот „Јунус Емре“ во Скопје за персоналот на Министерството за одбрана на Северна Македонија, им беа доделени сертификати.
Во соопштението на Институтот се наведува дека деветмина вработени во Министерството за одбрана, кои посетувале курсеви по турски јазик организирани во Скопје, успешно ги завршиле курсевите.
Се посочува дека на церемонијата за доделување сертификати, одржана во зградата на Министерството, присуствуваа полковникот Ментор Саити, раководител на Одделение за меѓуармиска соработка при Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, полковникот Кемал Џихан Варол, воен аташе при Амбасадата на Туркије во Скопје и Нурсел Тан Елмас, раководителка на Одделот за настава по турски јазик при Институтот.
Во соопштението се наведува дека од 2010 година досега во Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, повеќе од 5.000 македонски граѓани го изучувале турскиот јазик.
„Активностите за изучување на турскиот јазик ги продолжуваме во соработка со официјалните институции на Северна Македонија. Продолжуваме да придонесуваме за изучувањето на турскиот јазик во различни области и институции, како и за зајакнување на пријателските и културните врски меѓу Туркије и Северна Македонија“, се наведува во соопштението.






















