Еколошкото влијание на Мундијалот: Најголемиот турнир на ФИФА може да стане и најзагадувачки
СПОРТ
3 мин читање
Еколошкото влијание на Мундијалот: Најголемиот турнир на ФИФА може да стане и најзагадувачки„Репрезентациите и навивачите се принудени на долги авионски патувања со највисока емисија на јаглерод што некогаш биле забележани на еден голем спортски турнир“
Еколошкото влијание на Мундијалот: Најголемиот турнир на ФИФА може да стане и најзагадувачки / AA

Светското првенство во фудбал 2026 е на пат да стане најзагадувачки мундијал во историјата откако неговото еколошко влијание е двојно зголемено поради долгите авионски патувања на навивачите што генерираат рекордна емисија на јаглерод/

Настанот се одржува низ Северна Америка и тоа во 16 града, во четири временски зони и три држави.

„Поради ова, репрезентациите и навивачите се принудени на долги авионски патувања со највисока емисија на јаглерод што некогаш биле забележани на еден голем спортски турнир.“

Авионскиот сообраќај е главен начин на транспорт за време на Светското првенство, иако станува збор за еколошки најштетен вид патување, кој создава гасови со ефект на стаклена градина што ја загреваат атмосферата и влијаат врз глобалното затоплување и климатските промени.

Одлуката на ФИФА да го прошири Мундијалот од 32 на 48 репрезентации и да го организира низ целиот континент, за дел од фудбалските вљубеници ќе значи илјадници километри поминати во авион, што резултира со тони емисии на јаглерод диоксид по навивач.

Емисија на 9 милиони тони гасови еквивалентни на јаглерод диоскид

ФИФА предвидува дека повеќе од 5 милиони навивачи од целиот свет ќе го посетат турнирот. Од еколошка перспектива, ова ќе има своја цена, која ќе биде значително повисока од кој било претходен Мундијал.

Според извештајот на организацијата „Научници за глобална одговорност“ (SGR), Светското првенство во 2026 година ќе биде „најзагадувачки“ турнир што некогаш се одржал.

Во извештајот се проценува дека настанот ќе предизвика емисија на најмалку 9 милиони тони гасови еквиваленти на јаглерод диоксид во Северна Америка. Ова претставува зголемување од 92% во споредба со просекот од 4,7 милиони тони гасови еквиваленти на јаглерод диоксид од претходните четири светски првенства одржани меѓу 2010 и 2022 година.

Во извештајот се наведува дека проценетите вкупни емисии се речиси двојно поголеми од просекот за Мундијалот, додека воздушниот транспорт изнесува 7,7 милиони тони гасови еквиваленти на јаглерод диоксид, што е за повеќе од четири пати поголем волумен во споредба со светските првенства меѓу 2010 и 2022 година.

Како главни причини се наведуваат поголемиот број натпревари, а со тоа и повеќе гледачи, како и огромната оддалеченост меѓу градовите домаќини во трите земји.

Англија

Генерално, еден навивач што патува од Лондон и назад, а ги следи сите натпревари на Англија на патот до финалето за време на Светското првенство, ќе патува повеќе од половина од обемот на Земјата, односно 20.000 километри.

Навивачите на Англија ќе патуваат дополнителни 2.830 километри меѓу градовите домаќини дури и додека го бодрат својот тим само во групната фаза.

Кога на ова ќе се додаде и летот од Лондон и назад кон Англија, бројот на поминати километри значително се зголемува.

Доколку Англија заврши на прво место во својата група и стигне до финалето, навивачите ќе мора да патуваат приближно 24.000 километри. Ова ќе резултира со околу 3,4 тони емисии гасови еквивалентни на јаглерод диоксид по лице.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Шефот на НАТО вели дека алијансата влегува во фаза на имплементација пред самитот во Анкара
Фидан: Договорот меѓу САД и Иран зависи од решавањето на техничките прашања
Мицкоски: Местото ни е во ЕУ, но без отстапки за идентитетот, ова е нашата црвена линија
Еден израелски војник убиен, седум повредени во експлозија во Либан
Украина погоди рафинерија за нафта во Москва во напад со дронови
Шарив: Склучен е Меморандумот меѓу САД и Иран, а ќе се потпише во Швајцарија
Европскиот парламент го оценува напредокот на пет земји од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ
Пентагон го користел ВИ моделот Грок на Маск и Палантир за воени напади врз Иран
Мерц: Германската влада може да побара одобрение од Бундестагот за воена мисија во Ормутсиот теснец
Израел одобри изградба на еврејско религиозно училиште во Хеброн, во окупираниот Западен Брег
Италија одобри партнерство за производство на дронови меѓу Леонардо и турскиот Бајкар
Мицкоски: Очекувам десетици потенцијални турски инвестиции по бизнис-форумот во Истанбул
Трамп: Договорот со Иран не е финален, можна е обнова на нападите
Руте: САД јасно ставија до знаење дека се посветени на НАТО
Еден од најголемите полупотопни бродови со кран во светот поминува низ Босфорот