Мундијал 2026: Репрезентациите од регионот пред историски успех или фијаско

Досега на Светските првенства од 1998 година имало по две репрезентации од регионот кои играле во завршниците на некој од Мундијалите, но ако ниту еден од тимовите во баражот не се пласира, тоа ќе биде првпат да има само еден претставник

By
Иако според обложувалниците екипите од регионот не се фаворити во плеј-офот, секако имаат право да се надеваат дека ќе играат на Мундијалот / Reuters

Навивачите на 42 фудбалски репрезентации веќе почнаа да ги „пакуваат куферите“ за престојното Светско првенство во фудбал, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули следната година во Канада, САД и Мексико.

Минатиот петок учесниците на Мундијалот со жрепка беа поделени во 12. групи, но непознаница останаа само уште шест репрезентации кои ќе настапат на турнирот. Четири од Европа и две од остатокот на светот.

За место на елитната фудбалска смотра конкурираат и тимовите од регионот- Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија,  кои во март ќе разигруваат со Данска, Ирска, Чешка, Италија, Велс, Северна Ирска, Туркије, Романија, Украина, Шведска и Полска за пласман на Мундијалот.

Тоа за македонската, косовската и албанската репрезентација досега е неостварен успех, па со нетрпение го очекуваат март следната година кога преку бараж натпреварите ќе се знае дали и кој од нив ќе патува на Светското првенство, а се разбира, заедно со нив и голем број навивачи.

Иако според обложувалниците екипите од регионот не се фаворити, секако имаат право да се надеваат дека ќе играат на Мундијалот. Ако сите четири репрезентации успеат да се пласираат тоа би било големо достигнување за регионот, кој тогаш, заедно со тимот на Хрватска би имал петмина учесници во завршницата на глобалната фудбалска смотра.

Досега на Светските првенства од 1998 година имало по две репрезентации од регионот кои играле во завршниците на некој од Мундијалите, но ако ниту еден од тимовите во баражот не се пласира, тоа ќе биде првпат да има само еден претставник.

Хрватска од стекнувањето на независноста, пропушти само едно Светско првенство, она во Јужна Африка во 2010 година. На Мундијалите во Франција 1998 и Катар 2022, хрватските репрезентативци го освоија третото место, а во Русија 2018 загубија во финалето. Хрватска во 2002, 2006 и 2014 година, не успеа да ја помине групната фаза.

Кога станува збор за европските првенства, Хрватска од 1996 година до денес настапи на седум од осум турнири.

Србија беше во квалификациската група заедно со Албанија, но по поразот од 0:1 од директниот ривал не успеа да се пласира ниту во разигрувањето за Светското првенство. 

Сепак, досега трипати настапи на Мундијалите- во Јужна Африка во 2010, во Русији 2018 и во Катар 2022 година, но испадна по настапите во групната фаза. 

Репрезентацијата на Србија всушнот настапи и на Светското првенство во Германија во 2006 година, но под името Србија и Црна Гора, откако без пораз ги помина квалификациите. Но на неколку недели пред почетокот на првенството, на 21 мај 2006 година, Црна Гора се отцепи од Србија на референдум за независност. Фудбалскиот сојуз на Србија одлучи да настапи под истото име, но и на тоа првенство не се пласираше во елиминаторната фаза.

Србија има и еден пласман на Европските првенство во 2024 година во Германија.

Репрезентацијата на Црна Гора, пак, од 2006 година досега не успеа да се квалификува на Европско или Светско првенство.

И фудбалерите на Словенија имаа лоши квалификации за Светското првенство 2026, но настапија на Мундијалите во Јужна Кореја во 2002 и во 2010 во Јужна Африка, каде испаднаа по групната фаза. 

Словенечките фудбалери играа и на ЕУРО 2000 во Белгија и Холандија, каде исто така настапија само во групната фаза, но на Европското првенство во 2024 во Германија стигнаа до осминафиналето, каде загубија од Португалија по изведување пенали.

И босанските фудбалери го имаат осетено чувството како е да се игра на Мундијалите и тоа на Светското првенство во Бразил во 2014 година, каде не се пласираа во елиминаторната фаза. Репрезентацијата на БиХ досега нема остварен пласман на Европските првенства.  

Репрезентацијата на Албанија играше на Европските првенства во 2018 година во Франција и на ЕУРО 2024 во Германија, додека македонските фудбалери имаат само еден настап на ЕУРО, тој во 2020 година, кој поради пандемијата на Ковид се одржа во 11 држави. И двете репрезентации настапите ги завршија во групната фаза од натпреварувањето.

Косовската репрезентација досега не се квалификувала на двата елитни фудбалски турнири, но освен добрата форма дополнителен мотив за да се пласираат на Мундијалот 2026 е наградата од 1 милион евра, која им ја вети премиерот Албин Курти.

Фудбалерите за пласманот во баражот ќе поделат 250.000 евра, а ако ја победат Словачка и се пласирааат во финалето на плеј-офот ќе добијат премија од 500.000 евра, како што вети Курти. 

Според една од најпознатите интернет страници за спортска статистика, Фудбал митs дата (Football Meets Data) тимовите од регионот немаат големи шанси за пласман на Мундијалот, со тоа што Косово стои најдобро со 20% шанси, со тоа што е фаворит во мечот со Словачка. Ако ја победи, тогаш според би играла против Туркије, за која се предвидува дека ќе ја победи Романија. Турската репрезентација заедно со Италија имаат најмногу, односно по 48% отсто шанси за пласман на Мундијалот.

На Албанија ѝ дава 12% шанси за пласман на Мундијалот, додека за Босна и Херцеговина и Северна Македонија веројатноста да се пласираат на Светското првенство е 9% односно 4 %.

Слична прогноза има и интернет страницата Ви Глобал Фудбал (We Global Football), каде Косово има 16% шанси за пласман, Албанија 10%, БиХ 4%, а македонската репрезентација само 3%.

Во насока на ваквите прогнози одат и проценетите вредности на репрезентациите, па германскиот спортски портал Трансфермаркт оценил дека косовската репрезентација „тежи“ 132,5 милиони евра. 

Трансфермаркт пресметал дека според цената на фудбалерите на Албанија на фудбалскиот пазар нивната репрезентација е проценета на 83,3 милиони евра, босанската на 78,8 милиони и македонската фудбалска репрезентација само 37,1 милиони.

Иако не се пласираше на Мундијалот, репрезентацијата на Србија има поголема вредност на фудбалскиот пазар- 262,1 милиони евра- од хрватските репрезентативци, кои „тежат“ 255,7 милиони.

Репрезентацијата на Словенија, пак, според Трансфермаркт е проценета на 156,5 милиони евра, а Црногорската на 61,2 милиони евра.

Извор: ТРТ Балкан