| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
МНР со апел до македонските граѓани да го напуштат Иран
МНР на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани што се наоѓаат на територијата на Иран, да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика“.
МНР со апел до македонските граѓани да го напуштат Иран
МНР со апел до македонските граѓани да го напуштат Иран / AA

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија денес ги повика македонските граѓани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат таа земја.

Во соопштението на Министерството се вели дека поради „влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани што се наоѓаат на територијата на оваа држава, да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика“.

Оттаму истовремено се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни.

Министерството посочи дека ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон, електронската пошта, како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара.

Иран е зафатен од бран протести од минатиот месец, почнувајќи од 28 декември во Техеран, поради наглото намалување на вредноста на иранскиот ријал и влошувањето на економските услови. Подоцна демонстрациите се проширија во неколку други градови.

Нема официјални бројки за жртвите во протестите, но според новинската агенција за човекови права ХРАНА со седиште во САД, билансот на жртви во протестите се искачил на 646, а над 10.700 лица се приведени во 16 дена од националните протести во земјата.

ИЗВОР:AA
Повеќе
САД собори ирански дронови кои напаѓале комерцијални бродови во Ормутскиот Теснец
Иран се согласил за поголемиот дел од нацртот на договорот со САД, нема компромис за црвените линии
Новата словенечка влада ја укина забраната за влез на Нетанјаху, Бен-Гвир и Смотрич
Фидан: Туркије и Бугарија повторно го потврдија планот за изградба на нов граничен премин
Туркије: Инвестицискиот договор со БИД останува на сила и покрај прекинот на стимулациите
Ердоган: Турската Црвена полумесечина се издвојува со глобалните хуманитарни напори
Иран го прогласи прекинот на огнот за бесмислен по последните напади на САД
Трамп: САД вечерва ќе го нападнат Иран многу силно, ќе го освоиме островот Харг
Туркије најостро ќе реагира по воениот договор меѓу Франција и Администрацијата на кипарските Грци
Мицкоски: Барањата од Бугарија се истите од 2022 година, мора да бидеме оптимисти
Иран целосно го затвора Ормускиот Теснец
Турско МO: Туркије ќе продолжи да ги штити правата и интересите на Турската Репеблика Северен Кипар
Гејтс: Бев уценуван од Епстин поради моите вонбрачни афери
Израел: Лансирани ракети од Либан врз израелските сили и цивилни области
Во американските напади над Иран погодени цивилни постројки за питка вода