| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Приведен Давор Мацура, сопственик на Алта банка во Србија
Пред два дена, Извршниот одбор на Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на „Алта банка“, која е во целосна сопственост на Давор Мацура. Тој ја започнал својата кариера како сопственик на менувачница во населбата Алтина, во Земун
Приведен Давор Мацура, сопственик на Алта банка во Србија
Приведен Давор Мацура, сопственик на Алта банка во Србија / َAA

Уапсен е Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“, на која Народната банка на Србија (НБС) пред два дена ѝ ја одзеде дозволата за работа, пренесуваат белградските медиуми.

Јавниот сервис РТС објави дека сè уште нема потврда за оваа информација и дека очекува одговор од надлежните органи и институции.

Пред два дена, Извршниот одбор на Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на „Алта банка“, која е во целосна сопственост на Давор Мацура. Тој ја започнал својата кариера како сопственик на менувачница во населбата Алтина, во Земун, објави РТС.

Медиумите со години го опишуваа како бизнисмен близок до Српската напредна партија, иако нема потврда дека е нејзин член.

Откако НБС ја покрена постапката за стечај, неправилности во работењето на „Алта група“ биле пријавени и во Северна Македонија и Црна Гора, а се отвора и прашањето за судбината на парите на депонентите и одговорноста за пропаѓањето на банката.

За седум години, „Алта банка“ од мала наследничка на југословенската банка „ЈУБМЕС“ прераснала во институција на која најголемите државни претпријатија ѝ ги доверувале парите на граѓаните.

ИЗВОР:َAA
Повеќе
Ибрахимовиќ: Црна Гора не се согласува со ирационалните барања на Хрватска
Арагчи: Иран спроведува интензивна шатл-дипломатија преку Катар и Пакистан
Туркије врати 100 културни артефакти од САД
Белгискиот премиер Барт де Вевер поднесе оставка, кралот презема улога во решавањето на кризата
Врховниот лидер на Иран ѝ дал на владата одредени овластувања во врска со преговорите со САД
Јилмаз: Војните предизвикани од Израел ги оптоваруваат глобалните цени на енергијата и економиите
Ердоган цели кон трговска размена од 15 милијарди долари и подлабоки стратешки врски со Јужна Кореја
Поскапуваат и бензините и дизелот
Арапските партии во Кнесетот се координираат за смена на владата на Нетанјаху
Приведен Давор Мацура, сопственик на Алта банка во Србија
Хрватска меѓу петте земји на ЕУ со најголем раст на даночните приходи
Сиљановска-Давкова и ја честиташе изборната победа на Јотова во Бугарија
Израел го подигна нивото на воена готовност пред изборите во САД
Русија и Украина пријавија кибернапади врз апликациите за итно предупредување
Палестинците пријавија над 3.100 напади на Израел и окупаторите на Западниот Брег во октомври