Американскиот претседател Доналд Трамп негира дека наредил привремено прекинување на услугата „Старлинк“ за украинската војска.
На прашањето дали тој или милијардерот Елон Маск, сопственик на компанијата одлучиле да го паузираат пристапот, Трамп им рече на новинарите во Белата куќа: „Не бев јас и не мислам дека беше Елон“.
„Од она што го разбирам, исто е како што било отсекогаш“, рече американскиот претседател.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „Старлинк“ не е целосно исклучен во Украина, но ограничувањата на брзината ја скратуваат неговата употреба за воени и хуманитарни цели.
Зборувајќи на маргините на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, Зеленски рече дека Киев добил индикации од Белата куќа дека услугата ќе биде целосно обновена.





















