| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Туркије и Сомалија потпишаа протокол за Заедничка работна комисија
Првата седница на Заедничка работна комисија на Туркије и Сомалија се одржа во главниот турски град Анкара
Туркије и Сомалија потпишаа протокол за Заедничка работна комисија
Туркије и Сомалија потпишаа протокол за Заедничка работна комисија / AA

Туркије и Сомалија вчера го потпишаа Протоколот од првата седница на Заедничката работна комисија на Туркије и Сомалија и Акцискиот план за периодот 2026-2027 година, со што договорот официјално стапи на сила, соопшти Министерството.

Првата седница на Заедничка работна комисија на Туркије и Сомалија се одржа во главниот град на Туркије, Анкара.

Турскиот министер за труд и социјална безбеднат Ведат Ишикхан се сретна со сомалискиот министер за труд и социјални прашања Салим Алио Ибро и неговата делегација по повод одржувањето на состанокот.

Ишикхан истакна дека протоколот и акцискиот план предвидуваат сеопфатна и одржлива соработка во клучни области, меѓу кои работни инспекции, безбедност и здравје при работа, ефикасно управување со работната миграција, стручна обука и развој на национални професионални стандарди.

По билатералната средба со Ибро, Ишикхан претседаваше со состанок на ниво на делегации со сомалискиот колега.

Обраќајќи се на состанокот, турскиот министер изрази задоволство од континуираното зајакнување и проширување на односите меѓу Туркије и Сомалија во сите области, нагласувајќи дека билатералните односи со текот на годините добиле стратегиска димензија.

Изразувајќи надеж за продуктивен период на соработка ориентиран кон резултати, Ишикхан рече: „Како Министерство му придаваме големо значење на споделувањето на нашето искуство со сомалиската страна во рамките на нашите надлежности и имаме цел да ја зајакнеме нашата соработка во овие области.“

Тој додаде дека Акцискиот план за периодот 2026-2027 година ќе ја подигне постојната соработка на повисоко ниво, ќе го прошири опсегот и ќе обезбеди цврста и одржлива правна основа за размена на информации, документи и експерти меѓу двете министерства.

Мухаммед Машук Јилдиз

ИЗВОР:AA
Повеќе
Фидан: Туркије и Индија да ги стават проблемите во заграда и да се стремат кон позитивна агенда
Нови цени на горивата- бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
11 мигранти се удавија близу Малта во спасувачка акција на рибарски брод
Конаковиќ и Муцунски: Споделуваме заеднички предизвици, интерес ни е европскиот пат
Кинескиот претседател Си вети дека ќе ги прошири односите со Северна Кореја
Земјотрес со јачина од 7,8 степени однесе 14 лица, а 7 други се исчезнати во јужните Филипини
Калас: На Блискиот Исток не му е потребна ескалација
Израел детектира нова серија истрелани ирански ракети
Нетанјаху ќе го свика безбедносниот кабинет по обновените напади
Курти повторно победи на вонредните избори во Косово
Ирански петрохемиски објект погоден во израелски воздушен напад
Разговор Фидан и Арагчи: Во фокусот регионалните тензии и преговорите меѓу Иран и САД
Трамп го предупреди Нетанјаху: Не возвраќајте му на Иран, финализирајте договор
Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
Муцунски во посета на Босна и Херцеговина на средба со Конаковиќ