| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Косовскиот министер за внатрешни работи осуден за фрлање солзавец во Собранието
Министерот Свечља се изјасни за невин по обвиненијата за фрлање солзавец, инцидент за време на кој тогашните пратеници од опозицијата се спротивставија на ратификацијата на договорот за демаркација со Црна Гора
Косовскиот министер за внатрешни работи осуден за фрлање солзавец во Собранието
Светла се изјасни за невин по обвиненијата за фрлање солзавец, нарекувајќи го својот чин политички активизам

Основниот суд во Приштина го прогласи вршителот на должноста министер за внатрешни работи на Република Косово Џелал Свечља за виновен за фрлање солзавец во косовското собрание, осудувајќи го на една година условна казна затвор.

Одлуката за неговата казна ја донесе судијата во овој случај Сабит Садикај, кој објави дека Свечља нема да ја отслужи затворската казна ако не стори ново кривично дело во рок од една година.

Свечља беше прогласен за виновна за кривичното дело „употреба на оружје или опасно возило“.

Вршителот на должноста министер не беше присутен кога судот ја изрече казната.

Обвинителот во овој случај предложи, пред да се донесе одлуката, Свечља да биде осуден на две години затвор и парична казна од 3.000 евра.

Одбраната на Свечља изјави дека не смета за разумно да поднесе барање врз основа на фактот дека обвинетиот не ја признал вината.

Свечља се изјасни за невин по обвиненијата за фрлање солзавец, нарекувајќи го својот чин политички активизам, со кој тогашните пратеници од опозицијата се спротивставија на ратификацијата на договорот за демаркација со Црна Гора.

За кривичното дело употреба на оружје или експлозивни материјали спротивно на законот, Кривичниот законик на Република Косово предвидува затворска казна од една до осум години.

Повеќе
Ердоган: Туркије нема да дозволи нејзиниот пат кон просперитетот да биде блокиран
Гаши: Државноста не се постигнува само со еден политички акт, државата се гради секој ден
Европската комисија без осуда на погребот на Младиќ
Воениот злосторник Ратко Младиќ погребан со воени почести во Белград
Потпишан Меморандум за институционална соработка со Катар во областа на трудот
Потпишан договор за распоредување косовски војници во Газа
Мерц: Најпогубен изборен пораз за ЦДУ, ќе има последици
Туркије ќе соработува со данска компанија за употреба на ториумот во нуклеарната технологија
Aлбанезе: Израелското чистење на урнатините во Газа може да ги избрише доказите за злосторствата
Кремљ ја нарече средбата на Путин со американските претставници „мал чекор кон мир“
Поскапуваат и дизелот и бензиите
ЕУ ја осудува „глорификацијата“ на починатиот воен злосторник Младиќ
Русија и Северна Кореја го отворија првиот патен мост преку реката Тумен
Јапонската метеоролошка агенција издаде највисоко предупредување за свлечиште за островот Ниџима
Студија: Израел изгуби 1.370 лекари за три години поради интензивирањето на одливот на мозоци