| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Најмалку 23 убиени и десетици ранети Палестинци во денешнте израелски напади во Газа
Во изрелската офанзива врз Газа од октомври 2023 до сега загинаа повеќе од 64.700 Палестинци
Најмалку 23 убиени и десетици ранети Палестинци во денешнте израелски напади во Газа
Israeli attacks on Gaza continue. / AA

Најмалку 23 Палестинци беа убиени, а десетици повредени во денешните израелски напади низ Појасот Газа, според медицински извори.

Најмалку 14 лица беа убиени кога израелски воени авиони погодија куќа во областа Ал-Тавам, северно од градот Газа.

Во одделен напад врз Џабалија ал-Назла, исто така во северна Газа, беа убиени четворица Палестинци, а други беа ранети.

Уште двајца беа убиени кога израелските сили нападнаа шатор во кој се сместени раселени семејства во бегалскиот камп Ал-Шати, западно од градот Газа.

Во Рафа, еден Палестинец беше застрелан од израелските сили додека чекаше хуманитарна помош, додека друг беше убиен во Кан Јунис на југ.

Во меѓувреме, жртви беа пријавени и во областа Ал-Суданија, северозападно од Газа, откако една куќа беше погодена во израелски напад.

Во Деир ал-Балах во централна Газа, извори потврдија дека еден Палестинец им подлегнал на раните здобиени во претходниот напад.

Израелската армија продолжи со брутална офанзива врз Појасот Газа, убивајќи повеќе од 64.700 Палестинци од октомври 2023 година. Воената кампања ја опустоши енклавата, која се соочува со глад.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид во Меѓународниот суд на правдата за својата војна врз енклавата.

Повеќе
Земјотрес почувствуван во Скопје
Наместо во отпад, на модна писта: Како кројач од Анкара го спасува културното наследство
Експанзијата на Израел во грчкиот дел од Кипар дигна тревога во врска со регионалната безбедност
Бурса: Историјата се среќава со индустријата во овој турски град
Може ли новиот трговски механизам меѓу САД и Кина да ги намали тензиите?
Невиден чин на дивјаштво- Новиот закон на Израел автоматски одредува смртна казна за Палестинците
Јанез Јанша положи заклетва како премиер на Словенија
Рубио: САД се повлекуваат од мировните преговори меѓу Украина и Русија
Банкарскиот сектор на Туркије останува силен и покрај глобалните ризици и неизвесноста
Ердоган: Туркије стана клучен енергетски центар и актер за мир
Кубанци протестираат во Хавана поради американското обвинението против Кастро
Четворица загинаа во украински напад врз колеџ и студентски дом во Луганск, кој е под руска контрола
Шестмина загинати во израелските воздушни напади вo јужен Либан
Вучиќ: Ја разбираме визијата на Трамп, а зајакнатите односи ќе придонесат и за Европа
Русија тврди дека зазела ново населено место во Украина