| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Андоновски: Работиме на воведување слободен роаминг за земјите од Западен Балкан со ЕУ
„Работевме на заедничка декларација која ќе повика кон ЕУ и сите наши соседи да ја овозможиме иницијатива роаминг како дома, да ги намалиме трошоците за дата, за телефонски разговори и СМС пораки на граѓаните од Западен Балкан кон цела Европа.“
Андоновски: Работиме на воведување слободен роаминг за земјите од Западен Балкан со ЕУ
Андоновски: Работиме на воведување слободен роаминг за земјите од Западен Балкан со ЕУ / TRT Balkan

Дигитализацијата, интероперабилноста, сајбер безбедноста, поврзување на институциите, како и предизвиците на новото време, од вештачката интелигенција до учеството на бизнис секторот и академската задница се темите на кои денеска ќе разговараат учесниците на Дигиталниот самит на Западен Балкан (WBDS) 2025, регионален настан кој ги обединува носителите на дигиталната трансформација од Западен Балкан, ЕУ и пошироко, а кој се одржува во Скопје.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска пред почетокот на Самитот истакна дека на едно место денеска во Скопје се собрани претставници на државите, економиите од целиот Западен Балкан, експерти, претставници на дипломатскиот кор, на бизнис заедницата на целиот регион и изрази надеж дека овој настан ќе ја зајакне поврзаноста меѓу државите.

„Се надевам дека овој настан ќе биде платформа за поврзување на сите овие држави, не само можност за дискусија, туку заедно сите да постигнеме успех. Во таа насока поттикнати од Регионалниот совет за соработка (РСС) работевме на заедничка декларација која ќе повика кон ЕУ и сите наши соседи да ја овозможиме иницијатива роаминг како дома, да ги намалиме трошоците за дата, трошоците за телефонски разговори и СМС пораки на граѓаните од регионот на Западен Балкан кон цела Европа, исто онака како што успеа ова иницијатива да го направи тука на Балканот, истото тоа да го рашириме и во цела Европа“, рече Андоновски.

Министерот истакна дека се надева оти тоа ќе биде успешно прво како заедничка декларација, а потоа и заеднички сите држави од регионот да ги исполнат условите, кои се поставени од Европската комисија.

Генералниот секретар на РСС Амер Капетановиќ изрази задоволство што заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот Андоновски ќе го отвори седмиот Дигитален самит, при што потсети дека првиот се одржал токму во Скопје во 2018 година и од тогаш до денес, како што рече, преземени се повеќе чекори за граѓаните од регионот, како што е зоната на слободен роаминг на Западен Балкан, како и намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан.

„Сега одиме понатаму да се постави нулта тарифа со ЕУ, што е голем исчекор во фазната интеграција со пазарот на ЕУ“, истакна Капетановиќ и додаде дека крајната цел е поврзување на регионот со дигиталниот пазар на ЕУ.

Тој најви дека по овој Самит, следува Самитот на Берлинскиот процес во Лондон, на кој, како што напомена, ќе се усвојат важни документи и акциски планови, кои меѓу останатото се однесуваат на дигиталниот пазар на Западен Балкан, односно интеграција на дигиталниот пазар на регионот со тој на ЕУ.


ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа
Трамп ќе замрзнува ирански средства за надомест на штетите во Ормутскиот Теснец
Кина и АСЕАН повикаа на итен прекин на непријателствата на Блискиот Исток
Иран го отфрли предлогот за примирје со САД доставен преку ирачкиот премиер Заиди
Трамп: Размислувам за нов масовен напад против Иран
Трамп: Би се сретнал со Нетанјаху ако допатува во САД следната недела
Туркије остро го осудува израелскиот напад предводен од министерот врз џамијата Ал Акса