Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот на социјалните мрежи објави слика на која Гренланд- автономна територија во состав на Данска- е прикажана како „ГРЕНЛАНД - ТЕРИТОРИЈА НА САД, ОСНОВАНА 2026“.
На сликата, објавена на платформата Truth Social, Трамп е прикажан заедно со потпретседателот Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио. Таа прикажува парче земја со табла на која пишува „Гренланд. Територија на САД, основана 2026“, додека Трамп стои и држи американско знаме.
Трамп и претходно изјави дека САД мора да го „преземат“ Гренланд поради националната безбедност и за да ги одвратат ривалите во Арктикот. Тој се закани и со воведување царини кон европските сојузници кои се спротивставуваат на американска контрола врз Гренланд, а во територијата испрати и мал број американски војници.
И Данска и властите во Гренланд категорично ги отфрлија какви било предлози за продажба на територијата. Идејата, како и заканите со царини, наидоа на силна реакција и негодување ширум Европа.




















