| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Сиљановска-Давкова на средба со претседателот на ОАЕ: Забрзување на проектите од взаемен интерес
Претседателката изрази уверување дека средбата, што се реализира во пресрет на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, ќе даде силен импулс во севкупното натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји
Сиљановска-Давкова на средба со претседателот на ОАЕ: Забрзување на проектите од взаемен интерес
Претседателката ја поздрави конструктивната и одговорна улога на Обединетите Арапски Емирати, којашто се базира на принципите на мир и толеранција / Others
5 февруари 2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

Претседателката се заблагодари за гостопримството и за можноста да учествува на престижниот самит, оценувајќи го како исклучително значајна платформа за справување со глобалните и регионалните предизвици и за водење значаен дијалог со истакнати лидери и партнери од целиот свет.

Во фокусот на разговорот биле перспективите за продлабочување на билатералната соработка и беше посочена потребата од унапредување на правната рамка.

Посебен акцент бил ставен на економските односи и можноста за забрзување на проектите од взаемен интерес, коишто се во подготвителна фаза.

Претседателката го поздрави воведувањето на безвизен режим меѓу двете држави, оценувајќи го како одлична можност за олеснување на севкупната комуникација меѓу двете општества.

Таа изрази уверување дека средбата, што се реализира во пресрет на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, ќе даде силен импулс во севкупното натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји.

Двајцата соговорници размениле мислења за актуелните глобални прашања и важноста на напорите за разрешување на постоечките конфликти.

Во тој контекст, претседателката ја поздрави конструктивната и одговорна улога на Обединетите Арапски Емирати, којашто се базира на принципите на мир и толеранција. Претседателката го истакна интересот од македонска страна за продлабочена соработка преку заеднички иницијативи за меѓукултурен дијалог и промоција на општите цивилизациски вредности.

Повеќе
Едно лице загина во иранските напади врз Бахреин
САД во првите два дена од војната потрошиле муниција во вредност од 5,6 милијарди долари
Уште 3 американски бомбардери пристигнаа во Велика Британија за време на војната во Иран
Туркије го распоредува системот „Патриот“ во областа Малатија
Иранската револуционерна гарда до Трамп: Ние сме тие што го одредуваат крајот на војната
Ердоган до Пезешкијан: Нема оправдување за нарушувањето на воздушниот простор на Туркије
Трамп: Имам план за справување со зголемувањето на цената на нафтата
Путин: Русија е подотвена да ја снабдува Европа со енергенси, ако еропските земји покажат интерес
Виртуелен состанок Туркије – ЕУ за најновите случувања во Иран
Ердоган: Да се преземаат дејствија кои фрлаат сенка на соседските и братските врски со Иран
Мерц загрижен поради зголемувањето на цените на енергенсите
Њујорк пост: Трамп не е задоволен од новиот врховен лидер на Иран
Самоопределување ја тужи Вјоса Османи за распуштањето на косовското собрание
НАТО е подготвен да ги брани сите земји членки од било каква закана
Муцунски: Очекуваме неделава сите македонски граѓани да бидат евакуирани од Блискиот Исток