| Macedonian
Австрија воведува забрана за социјални мрежи за младите под 14 години
Повеќе нема да стоиме настрана и да гледаме додека овие платформи ги прават нашите деца зависни и честопати болни, ризиците поврзани со оваа употреба беа игнорирани доволно долго, а сега е време да се дејствува, рече вицеканцеларот Андреас Баблер
Австрија воведува забрана за социјални мрежи за младите под 14 години
Нацрт-закон за австриската забрана ќе биде изготвен до крајот на јуни, изјавија Бабле / Reuters
27 март 2026

Трипартитната влада на Австрија, предводена од конзервативците, планира да воведе забрана за користење на социјални медиуми за деца под 14 години, беше објавено во петок.

Членовите на владата од трите владејачки партии објавија дека постигнале принципиелен договор за забраната, насочен кон заштита на децата од „зависни алгоритми“ и содржини што вклучуваат сексуална злоупотреба, но не можеа да кажат кога ќе започне и сè уште не се согласиле за тоа како ќе се спроведува.

„Во иднина решително ќе ги заштитиме децата и младите од негативните ефекти на социјалните мрежи“, рече вицеканцеларот Андреас Баблер од Социјалдемократите.

„Повеќе нема да стоиме настрана и да гледаме додека овие платформи ги прават нашите деца зависни и честопати болни... Ризиците поврзани со оваа употреба беа игнорирани доволно долго, а сега е време да се дејствува“, додаде тој.

Во декември лани, Австралија ги забрани социјалните медиуми за лица под 16 години, станувајќи првата земја што го стори тоа. Различни земји размислуваат или се движат кон слични забрани. Долниот дом на францускиот парламент одобри забрана за лица под 15 години во јануари.

Нацрт-закон за австриската забрана ќе биде изготвен до крајот на јуни, изјавија Баблер и конзервативниот државен секретар за дигитализација Александар Проел.

Баблер, исто така, рече дека владата нема да ги именува поединечните платформи кои ќе бидат предмет на забраната, туку ќе одлучи врз основа на тоа колку зависност предизвикуваат нивните алгоритми и дали вклучуваат содржина како што е „сексуализирано насилство“.

Повеќе
Јастреби или гулаби: Кои се клучните преговарачи во разговорите меѓу Иран и САД во Исламабад?
Пет Палестинци загинале во израелските напади, ученичка во трето одделение убиена во училница
Ердоган му рече на Пезешкијан дека разговорите меѓу САД и Иран треба да обезбедат траен мир
Путин предложи Велигденско примирје, Зеленски го прифати
Почнува целосната примена на ЕЕС системот за влез ЕУ
Моџтаба Хамени: Управувањето со Ормускиот Проток ќе влезе во нова фаза
Мерц: Нема да го ограничиме користењето на воените бази од страна на САД
Фидан: Да продолжи примирјето во Иран, можна е саботажа на Израел
Трамп со „ултиматум“ до европските сојузници за обезбедување на Хормускиот Проток
Иранска делегација отпатува за Пакистан на преговори со САД
ОН: Се влошува трговијата со деца при конфликтот во Јужен Судан
Русија и Украина разменија останки на загинати војници
Иран издава алтернативни транзитни правци во Ормускиот теснец поради страв од мини
Пезешкијан: Израелските напади врз Либан ќе ги направат преговорите со САД бесмислени
Турски брод за дупчење пристигна во Сомалија за прва мисија во длабоко море во странство