| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Oбвинителството истражува шест лица за шверц на 8 тони марихуана во Србија
Според обвинителството, бизнисмен од Скопје дрогата ја набавил од фирма во Струмица, а откако била препакирана, осомничените ја натовариле во камион со претходно царинета стока, која ја истовариле, па преку Табановце заминале во Србија
Oбвинителството истражува шест лица за шверц на 8 тони марихуана во Србија
Во неодамнешната акција на Министерството за внатрешни работи, беше откриена и запленета рекордна количина од над 40 тони марихуана (Фото: МВР) / Others
20 февруари 2026

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти детали за то како повеќе тони марихуана биле прошверцувани во Србија, каде дрогата беше запленета минатиот месец.

Обвинителството отвори истрага против шест лица осомничени за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори. Истражната постапка се темели на докази обезбедени врз основа на документација доставена од Министерството за внатрешни работи, како и од документација од оформен предмет на Јавното обвинителство за организиран криминал на Република Србија добиена преку меѓународна правна помош.

Според обвинителството, осомничените, заедно со други засега неидентификувани лица, во неутврден период од 2025 година до крајот на јануари 2026 година, се здружиле со цел неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога – кокаин и марихуана. Секој од членовите на групата имал јасно определена улога при преземање, држење и пренесување на наркотичната дрога марихуана, заради нејзина понатамошна неовластена продажба.

Двајца од осомничените, за кои српското обвинителство за организиран криминал води постапка, заеднички и по претходен договор со првоосомничениот во овој предмет, кој е сопственик на правно лице од Скопје, како и со други неидентификувани лица, организирале набавка на марихуана и нејзино повеќекратно транспортирање од земјава до Србија со товарни возила, заради натамошна продажба.

„Во декември 2025 година, првоосомничениот им дал насоки на своите вработени за пакување на сув цвет од канабис во вкупна количина од 8.832 килограми, претходно набавен од правно лице од Струмица. Во период од околу две недели, вработените спакувале над 200 кутии, по што првоосомничениот им одобрил колективен одмор. На 13.01.2026 година, во пладневните часови, двајцата ортаци (едниот осомничен во РСМ, а другиот во РС), организирале пренесување на поголема количина сув цвет од канабис со товарни и патнички возила од објектот на правното лице во Скопје до локација во атарот на Свети Николе“, соопшти ОЈОГОКК.

Првоосомничениот, пак, заедно со други неидентификувани лица, организирал кутиите да бидат натоварени во возилата и во два наврати пренесени до наведената локација.

„Во исто време, во атарот на селото Сарамзалино, останатите петмина осомничени на паркинг простор кај локалната црква во селото извршиле претовар на царинета стока од товарно моторно возило со приклучно возило, во друго товарно моторно возило. Потоа, осомничените заминале за Свети Николе каде во испразнетото товарно возило биле натоварени кутиите со сув цвет од канабис. По извршениот утовар, осомничените, на кои претходно им беше определен краткотраен притвор, со товарното моторно возило и приклучното возило, заедно со уште тројца осомничени со автомобил, се упатиле кон граничниот премин Табановце и ја напуштиле државата“, велат од обвинителството.

Според ОЈОГОКК, товарното моторно возило на 14.01.2026 година, во 03:41 часот, се исклучило од автопат и се упатило кон селото Коњух, каде заедно со други неидентификувани лица било извршено растоварање на кутиите со наркотична дрога марихуана во објект на правно лице од Крушевац, претходно обезбеден од осомничени лица за кои Јавното обвинителство за организиран криминал на Република Србија води истражна постапка.

Јавниот обвинител оцени дека постојат околности што упатуваат на тоа дека во конкретниот случај целта на притворот не би можела да се оствари со некоја друга мерка за обезбедување присуство, па на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи да донесе решение со кое спрема двајцата осомничени на кои им беше определен краткотраен притвор да биде определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Повеќе
Ирското претседателство на ЕУ со приоритет на односите со САД
Европа бара нови платни системи за да ја намали зависноста од САД
ЕУ ја додава Иранската револуционерна гарда на листата на терористи, замрзнува средства
Муцунски - Нејнски: Односите меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да бидат водени од добрососедството и конструктивната соработка
Лавров ја потврди поддршката за преговари во услови на тензии меѓу САД и Иран
Путин го назначи Сергеј Вершинин за нов руски амбасадор воТуркије
Трамп размислувал да си го додели Конгресниот медал на честа за посета на Ирак во 2018
Туркије може да помогне да се претворат климатските ветувања во акција на COP31
Германскиот министер за надворешни работи предупредува против тоа Европа да се оддалечи од САД
Фидан: Туркије е подготвена да придонесе за Газа „на секој можен начин“
Одборот за мир го претстави планот за повоена Газа: Обновата на енклавата почнува во Рафах
Ердоган: Туркије ги неутрализира заканите на нивниот извор надвор од своите граници
Северна Кореја распоредува 50 нови лансери за нуклеарни ракети
Русија е подготвена да го прими збогатениот ураниум од Иран
Воена помош од Шведска за Украина вредна 1,4 милијарди долари