Уапсени сопствениците на ноќен клуб во Индија каде во пожар загинаа 25 луѓе

Најмалку 25 лица загинаа, а шест други беа повредени во пожар што избувна во ноќниот клуб во Гоа на полноќ на 6 декември. Жртвите беа претежно членови на кујнскиот персонал

By
Уапсени сопствениците на ноќен клуб во Индија каде во пожар загинаа 25 луѓе / AP

Индиските власти ги уапсија двајцата сопственици на ноќен клуб лоциран во западната индиска држава Гоа, каде што овој месец загинаа 25 лица во пожар, откако беа депортирани од Тајланд.

Гаурав Лутра и Саураб Лутра, браќа и ко-сопственици на ноќниот клуб во Гоа, слетаа во главниот град Њу Делхи во вторник откако беа депортирани од Тајланд, објави државниот весник „Дурдаршан њуз“.

Во објавата се вели дека браќата биле уапсени на аеродромот во Делхи и дека ќе бидат изведени пред суд.

Најмалку 25 лица загинаа, а шест други беа повредени во пожар што избувна во ноќниот клуб во Гоа на полноќ на 6 декември. Жртвите беа претежно членови на кујнскиот персонал.

Набргу по инцидентот, двајцата браќа избегаа во Тајланд. Двајцата неодамна беа приведени од тајландските власти.

Гоа, популарна туристичка дестинација, се наоѓа на западниот брег на Индија.