| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Американски конгресмен претстави нацрт-закон за анексија на Гренланд
Ренди Фајн претстави нацрт-закон за анексијата и државноста на Гренланд, за Трамп да ги преземе потребните чекори за вклучување на Гренланд во Соединетите Американски Држави
Американски конгресмен претстави нацрт-закон за анексија на Гренланд
Законот го овластува претседателот да преговара со Данска за анексијата или другото стекнување на Гренланд како територија на САД / AP

Американскиот републикански конгресмен Ренди Фајн во понеделникот претстави закон со кој се бара овластување за анексијата на Гренланд и неговото евентуално приклучување кон Соединетите Американски Држави.

Фајн го објави предлогот на социјалната мрежа X, велејќи дека неговиот закон, наречен „Закон за анексијата и државноста на Гренланд“, ќе му овозможи на претседателот Доналд Трамп да ги пронајде потребните средства за анексијата на Гренланд.

„Акцијата за Гренланд би ги спречила нашите противници да го контролираат арктичкиот регион и да го обезбедат нашето северно крило од Русија и Кина“, рече сопартиецот на Трамп.

Законот го овластува претседателот да преговара со Данска за анексијата или поинакво стекнување на Гренланд како територија на САД.

Исто така, законот бара од администрацијата да достави извештај до Конгресот во кој ќе бидат наведени промените во федералниот закон потребни за забрзување на пристапувањето на Гренланд кон Соединетите Американски Држави.

Трамп во неделата изјави дека Соединетите Американски Држави мора да го стекнат Гренланд за да спречат преземање од страна на Русија или Кина.

„Зборуваме за аквизиција, а не за закуп, не за краткорочно поседување. Зборуваме за аквизиција. Ако не го направиме ние тоа, ќе го сторат Русија или Кина, а тоа нема да се случи додека сум претседател“, им рече Трамп на новинарите.

Гренланд, самоуправна територија во рамките на Кралството Данска, привлече интерес на САД поради својата стратешка локација и огромните минерални ресурси.

Трамп претходно ја опиша сопственоста на Гренланд како апсолутна неопходност за економската безбедност на САД, споредувајќи ја со голем договор за недвижности.

И Данска и Гренланд ги отфрлија сите предлози за продажба на територијата, потврдувајќи го данскиот суверенитет над островот.

Според извештаите на медиумите, се очекува американскиот државен секретар Марко Рубио да се сретне со дански и гренландски претставници оваа недела.

Повеќе
Уште 30 години затвор за поранешниот јужнокорејски претседател Јун
Нетанјаху побарал од Трамп поостри услови за крај на војната со Иран
САД собори ирански дронови кои напаѓале комерцијални бродови во Ормутскиот Теснец
Иран се согласил за поголемиот дел од нацртот на договорот со САД, нема компромис за црвените линии
Иран го прогласи прекинот на огнот за бесмислен по последните напади на САД
Мицкоски: Барањата од Бугарија се истите од 2022 година, мора да бидеме оптимисти
Иран целосно го затвора Ормускиот Теснец
Гејтс: Бев уценуван од Епстин поради моите вонбрачни афери
Израел: Лансирани ракети од Либан врз израелските сили и цивилни области
Во американските напади над Иран погодени цивилни постројки за питка вода
Пет земји размислуваат за ограничување на правото на глас на идните ЕУ членки
Џ.Д. Венс: Нетанјаху „сигурно погрешил во некои работи“ во односите со Вашингтон
Пезешкијан: Заканите на Трамп дека САД ќе ја нападнат инфраструктурата на Иран се знак на очај
Трамп: Иран премногу одолжуваше за договор, сега ќе ja плати цената
Русија ќе одговори на новите санкции од ЕУ со „ефикасни и остри мерки“
Кувајт ја активираше противвоздушната одбрана
САД изврши жестоки напади врз Иран како одговор на соборувањето на воен хеликоптер
Иран нападна над 20 американски цели низ Заливот
Техеран ги предупреди странските сили околу Иран дека се соочуваат со ризици по заканата од Трамп
Трамп вели дека САД мора да одговорат по „наводниот“ ирански напад врз американскиот хеликоптер