| Macedonian
РЕГИОН
5 мин читање
Николоски со апел до ЕУ превозниците да бидат ослободени од новите правила за влез во Шенген зоната
Николоски истакна дека Владата веќе една година разговара со претставници на Европската комисија за надминување на овој сериозен проблем, но „ЕУ заесега нема слух за надминување на проблемот.“
Николоски со апел до ЕУ превозниците да бидат ослободени од новите правила за влез во Шенген зоната
Николоски со апел до ЕУ превозниците да бидат ослободени од новите правила за влез во Шенген зоната / TRT Balkan
22 јануари 2026

Јас и Владата го разбираме револтот на транспортерите, како и протестот што ќе го направат превозниците од понеделник, не само од Македонија туку од целиот регион од Западен Балкан поради новите правила за електронска евиденција во земјите од шенген-зоната. Новите правила ѝ штетат на домашната економија, драстично ќе ја намалат работата на транспортерите, а на удар директно ќе бидат транспортниот сектор и челичната индустрија - одговори вицепремиерот Александар Николоски на пратеничко прашање во рамките на 81. собраниска седница. 

Николоски истакна дека Владата веќе една година разговара со претставници на Европската комисија за надминување на овој сериозен проблем, но ЕУ заесега нема слух за надминување на проблемот не само за Македонија туку и за целиот Западен Балкан.

- Повеќе од една година разговараме со ЕУ, но слабо се разбираме и не наидуваме на разбирање. Последно разговарав во декември во Брисел со еврокомесарот за транспорт Цицикостас и со генералната директорка за мобилнoст и транспорт при Европската комисија, Магда Копцинска, при што се обидов најпластично да им пренесам дека ова што го прават ќе значи смрт за економијата во регионот и ќе значи затворање на многубројни странски инвестиции во регионот, а кои доаѓаат од земји членки на ЕУ.  Намерно користам регионот бидејќи се однесува за целиот Западен Балкан и не се однесува само за Македонија. Формалниот одговор што го даде портпаролот на ЕК, за кој не се слагам, е дека нема разлика меѓу она што до сега биле правила и новите правила затоа што, според него, еден патник да може да остане 90 дена во рамките на 180 дена во шенген-зоната останува и сега. Формално тоа е точно, но практично не е точно од причина што превозниците не се туристи, не одат за туризам, ниту се луѓе што одат на посета, туку тоа се луѓе што работат. Тие не може да извадат работни визи бидејќи немаат работодавач во конкретна земја членка на ЕУ, а најчесто проблемот е тоа што само транзитираат - истакна вицепремиерот.

Тој додаде дека во континуитет одржува средби со бизнис-коморите, со транспортните асоцијации и со странските инвеститори со цел заедничи да се изнајдат најсоодветни решенија и апелира до ЕУ за промена на правилата. Владата го задолжила и Министерството за надворешни работи да се обрати до ЕУ за одложување на новите правила за влез.

- Проблемот е подлабок. Ова ќе влијае врз извозните компании. Теротески да го уништиме транспортниот сектор и бизнисот во Македонија, не само што директно ќе влијаеме врз транспортот, мислам дека ни ЕУ не е свесна со каков проблем се соочуваме. Имаме уште два проблема, а тоа е со карго-сертификатите и со квотите со извоз на челик. Не може регионот од Западен Блакан да се третира како трети земји, не може за извоз на челик да сме во иста квота со Кина. Квотите што сега ќе ги постави ЕУ, на кои сериозно работат, веројатно од Кина и Индија, ќе ги исполнат во првите два месеца од годината. Потоа ќе има 50 % царина и практично ќе значи нема да има увоз на челик во ЕУ затоа што е неконкурентен и тоа значи дека челичната индустрија ќе колабира. „Фени“ се затвори, со вакви линерани политики на ЕУ можеме само да заклучиме што ќе се случува со големите производители на челик од земјата - додаде вицепремиерот Николоски.

Најави дека Владата сериозно ќе работи на надминување на овој предизвик со цел стабилизација на транспортниот сектор во земјата и регионот. Николоски на седницата за опозициски прашања рече дека Владата го поддржува ставот на Комората на странските инвеститори во Македонија во врска со системот ЕЕС за влез и излез од ЕУ и најави дека по седницата, ќе има состанок со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, на оваа тема.

- Се надевам дека еден заеднички притисок ќе даде резултат. Исто така, на вчерашната седница на Владата го задолживме Министерството за надворешни работи и надворешна трговија повторно да се обрати до ЕУ со барање да се одложат овие правила, така што се надевам дека овој проблем ќе се реши затоа што е огромен и затоа што претставува сериозен удар врз економиите од целиот регион на Западен Балкан - рече Николоски.

Тој рече дека транспортерите не може да извадат работни визи и затоа што немаат еден работодавач во конкретна држава земја членка на шенген-зоната и на тој начин е невозможно да извадат работна виза од превозниците и само транзитираат во шенген-зоната за да стигнат до Велика Британија. Има многубројни проблеми што се отвораат, додаде Николоски.

Одговарајќи на прашањето на пратеникот од опозицијата Митко Трајчулески, Николоски рече дека вчера разговарал со претставници на повеќе сектори и бизниси во Македонија и оти тоа не само што ќе влијае на директните работни места што ќе се затворат туку исто така ќе влијае и на компаниите, односно основните стапки во нивното работење. 

Николоски рече дека јавноста треба да има претстава оти имаме многу серозни предизвици како регион, кои силно ќе удрат врз економијата.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Сојузот на синдикатите на Македонија со блокада пред Владата, се најавува генерален штрајк во март
Мацут во Атина: Србија останува посветена на зајакнувањето на стратегиското партнерство со Грција
Парламент на Црна Гора ги усвои измените на Законот за гарантирање на неработна недела
Министерство за транспорт: Во дијалог со ЕК до решение за барањата на македонските превозници
Поплавени земјоделски површини и куќи, исклучително висок водостојот на Вардар во горното тек
УХМР: И понатаму високи водостои на Вардар и Треска, ЦУК со интервенции во повеќе региони
Мицкоски во Минхен: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина
Мицкоски во Минхен: Продолжуваме со убави вести за македонските граѓани
Најголемата џамија во Северна Македонија, изградена со поддршка од Туркије, подготвена за Рамазан
Мицкоски по средбата со Кошта: Без билатерални условувања за членство во ЕУ
Србија загрижена по одбранбениот состанок на Косово, Албанија и Хрватска во Минхен
Побарана одговорност за трамвајската несреќа на протестот во Сараево
Вучиќ по завршувањето на посетата на Туркије: Исклучително продуктивни разговори со Ердоган
САД и Северна Македонија постигнаа рамковен договор за фер и реципрочна трговија
Мисајловски во Брисел: Здружени во НАТО можеме да го издржиме секој предизвик
Трамвај излета од шините во Сараево: Едно лице загина, повеќемина се повредени
Мицкоски: Туризмот е еден од нашите приоритети, се бележи раст во број на туристи и ноќевања
Бугарија: Андреј Ѓуров именуван за вршител на должноста премиер до предвремените избори
Косово конечно доби влада, Албин Курти по третпат е премиер
Македонски државјанин со срцева болст опериран во Германија со роботски систем