| Macedonian
СПОРТ
1 мин читање
Кошаркарите на Њујорк Никс по 27 години во финалето на НБА
Кошаркарите на Њујорк стигнаа до финалето на НБА по 27 години со серија од 4:0 во победи против Кливленд, а последен пат Никсите играа во финалето на НБА во 1999 година, кога загубија од Сан Антонио
Кошаркарите на Њујорк Никс по 27 години во финалето на НБА
Кошаркарот на Њујорк, Џејлен Бренсон, беше прогласен за најкорисен играч (MВП) на финалето на Источната конференција на НБА / Reuters

Кошаркарите на Њујорк Никс стигнаа до финалето на НБА лигата, откако го победија Кливленд со 130:93 во четвртиот натпревар од плејофот на Источната конференција.

Кошаркарите на Њујорк стигнаа до финалето на НБА по 27 години со серија од 4:0 во победи против Кливленд. Последен пат Никсите играа во финалето на НБА во 1999 година, кога загубија од Сан Антонио.

Најефикасен во тимот на Њујорк на денешниот натпревар беше Карл-Ентони Таунс со 19 поени и 14 скока, додека Оџи Ануноби додаде 17 поени со седум фатени топки.

Најдобар играч во тимот на Кливленд беше Донован Мичел, кој забележа 31 поен и четири скока.

Кошаркарот на Њујорк, Џејлен Бренсон, беше прогласен за најкорисен играч (MВП) на финалето на Источната конференција на НБА.

Кошаркарите на Њујорк ќе играат во финалето на НБА против победникот од финалето на плејофот во Западната конференција помеѓу Оклахома и Сан Антонио, а моменталниот резултат во оваа серија е 2:2.

Првиот натпревар од финалето на НБА е закажан за 3 јуни.

Никси се стремат кон освојување на својата прва НБА-шампионска титула.

Повеќе
Песков: Европа во моментов е страна во конфликтот во Украина, не може да биде посредник
Фон дер Лајен и Калас со осуди за Русија по инцидентот во кој дрон погоди зграда во Романија
Нетанјаху се фали со окупација на 60% од Газа, наредувајќи проширување додека трае примирјето
ОН известуваат за најголем интензитет на израелски напади во Либан од априлскиот прекин на оган
Романија го повика рускиот амбасадор откако беспилотно летало се урна во станбена зграда
Дрон погоди зграда во Романија во близина на украинската граница, повредени се две лица
Белгија ќе произведува делови од борбениот авион Ф-35
Мицкоски: Наскоро ќе се гласа за Законот за правична застапеност
САД и Иран постигнаа привремен договор за прекин на огнот, се чека одобрение од Трамп
Шојгу: Нападот врз Киев може да се случи во секој момент
Германија нарача над 2.000 воени транспортни возила од „Рајнметал“
Шведска ќе издвои 2,7 милијарди долари воена помош за Украина
Сиљановска-Давкова: „Блесок 26“ беше момент на блескање на нашата Армија
Германија и Холандија ќе го предводат НАТО на Балтичкиот фронт
Јужнокорејски активисти ги обвинија израелските сили за тортура и сексуалнo злоставување во притвор