| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Албин Курти: Започнуваме преговори за формирање на нова Влада
На прес-конференција, Курти рече дека 26 октомври е крајниот рок за одржување седница на Парламентот на која ќе го претстави новиот владин кабинет
Албин Курти: Започнуваме преговори за формирање на нова Влада
Албин Курти: Започнуваме преговори за формирање на нова Влада / AA

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, објави дека оваа недела ќе започне разговори за формирање на нова косовска Влада, позната како „Курти 3“, јавува Анадолу.

На прес-конференција, Курти рече дека 26 октомври е крајниот рок за одржување седница на Парламентот на која ќе го претстави новиот владин кабинет.

„Многу наскоро, веќе оваа недела, ќе започнеме комуникација и дискусии за формирање Влада, бидејќи на Косово му е потребен нов мандат за нашата Влада. Потребен ни е мандат што ги одразува резултатите од изборите од 9 февруари 2025 година. Исто така, како премиер во техничкиот мандат, веќе влегов во седмиот месец од петтата година од четиригодишниот мандат и време е за нов, целосен мандат. Тој мандат сигурно ќе започне штом ќе го претставиме новиот состав на Владата 'Курти 3' во парламентарна процедура“, рече тој.

На новинарско прашање дали, со оглед на резултатите од локалните избори, се подготвени за нови парламентарни избори, Курти одговори дека приоритет е продолжување на Владата, но дека во отсуство на договор, тие се подготвени и за нови избори.

„Се подготвуваме за Владата 'Курти 3'. Ако не се случи тоа, несомнено сме подготвени за нови парламентарни избори. Движењето 'Самоопределување', во годината кога ја слави својата 20-годишнина, останува пример и лекција за тоа како луѓето се организираат околу политичките принципи и националните идеали за доброто на сите граѓани без разлика. Нашата подготвеност е целосна, но првиот план останува формирањето нова влада, и тоа е она на што моментално се фокусираме, и верувам дека и другите треба да се подготват за тоа“, додаде Курти.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на 11 октомври потпиша декрет со кој на лидерот на Движењето „Самоопределување“, Албин Курти, му се дава мандат да формира нова Влада на Косово.

Оваа одлука следуваше по официјалниот предлог на Движењето „Самоопределување“, кое со освоени 48 места стана најсилната политичка сила во Собранието според резултатите од парламентарните избори одржани на 9 февруари годинава.

Според Уставот на Косово, кандидатот за премиер е должен да му предложи на Собранието, најдоцна 15 дена од датумот на донесувањето на декретот, состав и програма на новата Влада за усвојување.

Повеќе
Промовирана Стратегијата за дигитално здравство-хроничните пациенти ќе се следат на далечина
Божиновска: Македонскиот рубин ќе добие сертификат за потеклото, обврска ни е да го заштитиме
Деветта жртва од Западнонилска треска, почина 66-годишен пациент
Мицкоски на средба со Рубио: Отворениот дијалог со стратешките сојузници има голема тежина
Фон дер Лајен ќе посети четири земји од Западен Балкан кон крајот на септември
Граѓански организации: Мисијата на ОБСЕ се повлекува од соработката со АОПЗ
Мицкоски: За членство во ЕУ треба да се применува пристап заснован на заслуги што не е случај со нас
Андоновски: Стратегијата за вештачка интелигенција треба да биде донесена до крајот на годината
Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф
Косово и Албанија ја критикуваат пресудата за Тачи, Франција го брани Трибуналот
Специјалниот суд во Хаг го осуди на 25 години затвор поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи
Косово: Засилени безбедносни мерки пред изрекувањето на пресудата за поранешните лидери на ОВК
Хрватската опозиција го притиска Пленковиќ за оставка по скандалот со токсичен отпад
Вучиќ: Задолжителен воен рок во Србија од март, армијата се трансформира
На ЕНЕР е објавен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лобирањето
Мицкоски со владина делегација во САД: Планирани средби на високо ниво со државници
Од полноќ бензините поскапуваат, дизелот поевтинува
Транспортерите од Западен Балкан ги одложија најавените гранични блокади
Избрана новата Влада на Косово, Курти пак премиер
Владата го намали ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти