| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Мицкоски на средба со Рубио: Отворениот дијалог со стратешките сојузници има голема тежина
Директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за продлабочување на билатералните односи и за натамошно зајакнување на нашата позиција како стабилен и доверлив сојузник, истакна премиерот
Мицкоски на средба со Рубио: Отворениот дијалог со стратешките сојузници има голема тежина
Владина делегација предводена од Мицкоски престојуваше во Вашингтон на средби со американските власти, а сега е во Њујорк за годишното заседание на ОН

Премиерот Христијан Мицкоски утрово информираше дека во Њујорк разговарал со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио.

„Овие разговори имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог со Соединетите Американски Држави. Директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес, за продлабочување на билатералните односи и за натамошно зајакнување на нашата позиција како стабилен и доверлив сојузник“, истакна Мицкоски.

Во период на сериозни геополитички предизвици, премиерот оцени дека силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина.

„Македонија има јасни државни интереси и продолжува достоинствено и принципиелно да ги застапува заедно со нашите стратешки партнери. Продолжуваме да го јакнеме македонско-американското стратешко партнерство и да создаваме нови можности“, порача тој.

Државната делегација предводена од премиерот Мицкоски престојуваше во Вашингтон на средби со американските власти, а сега е во Њујорк за годишното заседание на Обединетите Нации.

Повеќе
Обединетиот јудаизам на Тора одбива да го поддржи Нетанјаху за премиер
Медведев: Резултатите од изборите во САД нема непосредно да влијаат врз Русија
Зеленски се надева дека победата на демократи ќе донесе дополнителна поддршка за Украина
Се очекуваат до 780.000 демонстранти низ Франција, при што е распоредено големо полициско присуство
Иран соопшти дека три пловни објекти се запалиле во Ормускиот теснец
Во израелските напади загина еден Палестинец, а четворица се ранети низ Газа
Саудиска Арабија продолжи со финансирање од 3 милијарди долари за Пакистан
Северна Кореја тестираше напреден ракетен систем за воздушна одбрана
Огромен скандал во Украина, антикорупциски истражители вршат претрес во Безбедносната служба
Туркије остро го критикува извештајот на Европската комисија нарекувајќи го пристрасен и неправеден
Кос: Црна Гора е на пат да стане 28. членка на ЕУ, новата српска влада да се врати на реформите
Лидерот на израелската опозиција го обвинува Нетанјаху за обид за државен удар по изборниот пораз
За Венс војната во Иран е причината зошто републиканците ги загубија среднорочните избори
Првата дама на Туркије Емине Ердоган го отвори културниот центар на Институтот Јунус Емре во Сеул
Сиљановска-Давкова на средбата со Руте ја реафирмира посветеноста на земјава кон НАТО