| Macedonian
СВЕТ
3 мин читање
Флавио Болсонаро пристигнал на Флорида откако побегнал од Бразил преку Аргентина и Еквадор
Авион со поразениот десничарски претседателски кандидат, против кого се водат неколку истраги за различни кривични дела, и неговото семејство пристигнал во Мајами, каде што американската влада ќе им издаде влезни визи
Флавио Болсонаро пристигнал на Флорида откако побегнал од Бразил преку Аргентина и Еквадор
Болсонаро, кој на изборите загуби од актуелниот претседател Лула да Силва, не ја испочитува наредбата на Врховниот суд да го предаде пасошот

Приватен авион со поразениот бразилски десничарски претседателски кандидат, Флавио Болсонаро, слета во областа на Мајами, објави новинската агенција АФП.

Авионот, кој претходно бил забележан од новинари на АФП за време на ноќно задржување во Гвајакил, Еквадор, одговара на описот на леталото за кое аргентинските власти потврдија дека го превезува Болсонаро.

Од Вашингтон изјавија дека ќе му издадат виза.

Додека целиот свет се обидуваше да открие каде се наоѓа, Болсонаро влегол во Аргентина со сопругата и двете ќерки доцна во вторникот вечерта, според податоците на тамошната служба за миграција.

Болсонаро, кој на претседателските избори во неделата загуби од левичарскиот кандидат и актуелен претседател Луиз Инасио Лула да Силва, одби да ја испочитува наредбата на Врховниот суд за предавање на неговите пасоши, влегол во Аргентина преку меѓународниот мост Танкредо Невес, пат што од неговиот дом во Бразилија трае околу 19 часа.

Потоа, семејството се качило во приватен авион на компанијата Баирес Флај С.А.(Baires Fly S.A.), кој летал кон еквадорскиот град Гвајакил, соопшти службата за миграција.

Претседателската администрација на Аргентина не одговори веднаш на барањето за коментар. Истото важи и за компанијата Баирес Флај С.А..

Според податоците на ФлајтАвер (FlightAware), авион од типот Гулфстрим Г400“ на компанијата Баирес Флај С.А. полетал од Пуерто Игуазу во 00:22 часот (3:22 ГMT) и слетал во Гвајакил во 3:46 часот (8:46 ГMT).

Потоа, авионот заминалкон аеродромот Опа-лока во Мајами, каде што слетал во 9:18 часот по локално време (13:18 ГMT).

Нејасно е како Болсонаро влегол во Еквадор. Тамошните власти не одговорија веднаш на барањето за коментар.

Раздор меѓу САД и Бразил

Заминувањето на Болсонаро се заканува да го продлабочи раздорот меѓу двете најнаселени нации на американскиот континент. Лула го обвини Вашингтон дека се договил со семејството Болсонаро за да им помогне да се вратат на власт.

Во пресрет на изборите во неделата, новинската агенција Ројтерс извести за кампања на Стејт департментот на САД за враќање на семејството Болсонаро на власт.

Трамп во средата им изјави на новинарите дека би го одобрил доаѓањето на Болсонаро во Соединетите Држави, откако Стејт департментот соопшти дека ќе им издаде влезни визи. Тој, исто така, рече дека изборите му изгледале дека се наместени.

Трамп претходно тврдеше дека таткото на Флавио, поранешниот претседател Жаир Болсонаро, бил жртва на судски прогон во Бразил.

Жаир Болсонаро исто така отпатува во Соединетите Држави откако одби да го признае поразот од Лула во 2022 година, за време на претседателскиот мандат на Џо Бајден.

Тој на крајот се врати, но подоцна беше осуден на 27 години затвор за планирање државен удар, откако неговите поддржувачи упаднаа во владините згради во Бразилија.

Болсонаро важеше за фаворит за победа на претседателските избори во неделата, но на крајот загуби, што претставуваше шокантен исход.

Болсонаро, кој го губи својот имунитет од кривично гонење со завршувањето на неговиот мандат во Сенатот во февруари, во понеделникот- откако доби налог да ги предаде своите пасоши- изјави дека нема намера да бега.

„Никогаш не сум размислувал да ја напуштам земјата“, рече тој. „Ќе ги предадам пасошите и ќе се бранам од оваа фарса, која е јасен обид да ме заплашат.“

Флавио Болсонаро е предмет на правни истраги во неколку случаи, вклучително и истрага за корупција поврзана со финансирањето на биографскиот филм Темен коњ (Dark Horse) за неговиот татко, кој се наоѓа во домашен притвор поради планирање државен удар.

Повеќе
Катар му доставил нов предлог на Иран за прекин на војната
Мерц: Германија ќе истражува можности за заеднички проект за борбени авиони со Јапонија
Жан-Ноел Баро обвинува странски движења за ширење дезинформации за протестите
Железничкиот сообраќај на брзата линија Мадрид – Андалузија во прекин по судир на два воза
Трамп: Многу наскоро ќе биде организирана средба меѓу Путин и Зеленски
Египет, Саудиска Арабија и ОАЕ разговараа за смирување на тензиите со турско посредство
Хонг Конг го суспендира увозот на производи од живина од делови на Данска и САД
Путин за гасот и санкциите на ЕУ: Кој копа јама под другите, самиот паѓа во неа
Франција ќе побара санкции од ЕУ поради наводно руско мешање во Африка
„Договорот од Мека меѓу Туркије, С.Арабија и Пакистан има цел да ја зајакне регионалната безбедност“
Холандија официјално се повлекува од Евровизија 2027
Јужна Кореја поднесе протест до САД поради изјавите на командантот за меѓукорејската граница
Напад со дрон остави големи делови од суданската престолнина без струја
Извештај на ОН ја обвинува Москва за воени злосторства, го користи студот како оружје
Украина ја продолжува воената состојба до јануари 2027 година
Кина ја отфрла квалификацијата на САД дека Конфучиевите институти претставуваат безбедносна закана
Италијанските таксисти се закануваат со штрајк поради поскапите горива
Десетици повредени откако патнички автобус излета од патот во близина на Барселона, Шпанија
Клод заобиколи платежен ѕид за пристап до изборните резултати во Џорџија
Пезешкијан ќе ја посети Русија за самитот за гас и ќе се сретне со Путин