| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Најмалку 14 Палестинци убиени на пунктовите за помош во Газа
Според Ал Џезира, убиствата се случиле на пункт за дистрибуција на храна во Рафах, во близина на Ал Маваси, но и во централниот дел од Појасот Газа, а повеќето од жртвите биле застрелани во горните делови од телото
Најмалку 14 Палестинци убиени на пунктовите за помош во Газа
Инцидентите се случиле на пунктовите каде што се дистрибуираат пакети со храна на Хуманитарната фондација Газа, која е поддржан од САД и Израел / Reuters

Четиринаесет Палестинци се убиени, а 31 се ранети кога израелската армија отвори оган на контролните пунктови во Појасот Газа каде што се дистрибуираат пакети со храна од страна на Хуманитарната фондација Газа (ГХФ), објави денес Ал Џезира.

Според извештајот, пукотницата се случила на пункт за дистрибуција на храна во Рафах, во близина на Ал Маваси, но и во централниот дел од Појасот Газа.

Ал Џезира наведува дека повеќето од жртвите биле застрелани во горните делови од телото - градите, вратот и главата.

Катарската телевизија додава дека местата за дистрибуција се наоѓаат на пуст терен, на места каде што израелските булдожери уништиле станбени куќи, и дека израелските сили испукале боева муниција и солзавец за да ги растераат Палестинците кои дошле да ги соберат пакетите со помош.

Според Ал Џезира, додека Палестинците се приближуваат до станиците за помош, израелската армија почнува да отвора оган, израелските квадрокоптери лебдат над нив, а израелските тенкови продолжуваат да ги напаѓаат барателите на помош.

ГХФ, кој е поддржан од Соединетите Американски Држави и Израел, претходно објави дека денес во Појасот Газа ќе бидат отворени три центри за дистрибуција на помош, од кои беше најавено дека локацијата Вади Газа во централниот дел на Појасот ќе биде отворена во 6 часот наутро, додека двата објекта Тел Султан во јужна Газа ќе бидат отворени напладне.

Повеќе
2 лица починаа од редок вирус што се пренесува преку комарци во Северната територија на Австралија
Израелскиот министер Бен-Гвир го критикува МКС и вети ескалација против Палестинците
Израелската армија заплени повеќе од 40 бродови од флотилата „Глобал Сумуд“ што се движеше кон Газа
Њујорк тајмс поднесе втора тужба против Пентагон поради рестрикциите за медиумите
Дроновите на Хезболах значително ги попречуваат израелските операции во Либан
Тројца убиени во Исламскиот центар во Сан Диего, застрелани и двајцата напаѓачи
Трамп размислува за војна со Куба откако економскиот притисок не даде резултати
Путин: Пријателството на Русија и Кина не е насочено против никого
Трамп вели дека САД го одложуваат планираниот напад врз Иран во вторник
Германија ќе распореди „Патриот“во Туркије за јакнење на одбраната на воздушниот простор на НАТО
Фидан од Берлин повикува на дијалог меѓу САД и Иран, додека Германија ја поддржува Туркије
Ердоган вети континуирана поддршка од Туркије за кримските браќа
Њујорк тајмс: САД и Израел подготвуваат можни нови воени напади врз Иран уште оваа недела
Гренланд: Напредок во преговорите со САД, островот не е на продажба
Милановиќ одбива да го одобри новиот амбасадор на Израел поради политиката на израелската Влада