| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Десет Палестинци се убиени во најновите израелски напади и прекршување на прекинот на огнот
Во јужниот дел на Газа, четворица Палестинци, меѓу кои татко, неговиот син и уште едно дете се убиени, а 10 лица се повредени во израелски воздушен напад врз шатор во кој се наоѓале раселени лица во областа Ал-Маваси, западно од Кан Јунис
Десет Палестинци се убиени во најновите израелски напади и прекршување на прекинот на огнот
Еден Палестинец е убиен, а двајца се повредени кога израелски дрон погодил цивилно возило западно од градот Газа / Reuters

Најмалку 10 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа денес, што претставува најново прекршување на постојниот договор за прекин на огнот, соопштија медицински извори.

Еден Палестинец е убиен, а двајца се повредени кога израелско беспилотно летало погодило цивилно возило западно од градот Газа, изјави медицински извор за Анадолу.

Двајца Палестинци биле убиени во напад со израелско беспилотно летало врз група цивили во населбата Шеик Радван во градот Газа.

Шестгодишно дете им подлегнало на повредите добиени од израелскиот оган во населбата Зеитун, јужно од градот Газа.

Во јужниот дел на Газа, четворица Палестинци, меѓу кои татко, неговиот син и уште едно дете, се убиени, а 10 лица се повредени во израелски воздушен напад врз шатор во кој се наоѓале раселени лица во областа Ал-Маваси, западно од Кан Јунис.

Друг медицински извор соопшти дека возач на камион со хуманитарна помош бил застрелан во глава од страна на израелските сили во Рафах, јужна Газа, а неговото тело е пренесено во болницата „Насер“ во Кан Јунис.

Локалните извори велат дека жртвата, Ахмад Насер Ислим, бил застрелан додека чекал во својот камион да натовари хуманитарна помош.

Осумгодишно дете им подлегнало на повредите добиени синоќа при израелски напад врз цивилно возило во населбата Сабра во градот Газа, додаде истиот извор.

Во меѓувреме, Цивилната заштита на Газа соопшти дека една жена е повредена од оган од израелски воени чамци западно од градот Газа.

Во централниот дел на Газа, израелската Армија истрелала неколку артилериски гранати кон источните и јужните делови на бегалскиот камп Буреиџ, информираа локални извори и очевидци.

Израелски возила отвориле оган и кон шатори со раселени лица во Ал-Маваси, северозападно од Рафах, но нема информации за повредени лица.

Од стапувањето во сила на прекинот на огнот на 10 октомври 2025 година, според податоците на Министерството за здравство во Газа, во израелските напади се убиени најмалку 1.084 Палестинци, а повредени се 3.491 лице.

Израелската Армија од октомври 2023 година има убиено повеќе од 73.000 Палестинци и повредено над 173.000 во смртоносната офанзива, која предизвика и широко распространето уништување, оштетувајќи околу 90 отсто од цивилната инфраструктура.

Повеќе
Зошто Туркије кривично го гони Нетанјаху и зошто е важен случајот
Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на 6.509
Марк Рафало го отфрли обвинувањето на Парамаунт за антисемитизам поради критиките за Оракл и Израел
Туркије и Катар се стремат кон 5 милијарди долари билатерална трговија
Израел убил над 21.500 деца од почетокот на војната во Газа
САД ја отстранија Сирија од листата на држави спонзори на тероризмот
Зеленски: Војната во Украина мора да е доволно болна за да се поттикне Русија на мировни преговори
Трамп: Иран е во целосен распад
Грција планира база за беспилотни летала на Родос
Зеленски: Украина сака мир, но нема да ѝ попушти на Русија по секоја цена
Туркије одбележува годишнина од прекуграничната воена антитерористичка операција против ДЕАШ
Одложено судењето за злоупотреби во АД „Државна лотарија“
Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот
САД ги откажуваат заедничките поморски вежби со Јужна Кореја
Туркије ја зајакнува трговската интеграција со исламските земји