| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Моди: Индија и ЕУ постигнаа договор за слободна трговија
Изјавата доаѓа во пресрет на разговорите на Моди со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, кои престојуваат во главниот град Њу Делхи
Моди: Индија и ЕУ постигнаа договор за слободна трговија
Моди: Индија и ЕУ постигнаа договор за слободна трговија / Reuters

Индискиот премиер Нарендра Моди соопшти дека Индија и Европската Унија (ЕУ) постигнале договор за слободна трговија (ФТА), по завршувањето на долгогодишните преговори.

„Постигнат е значаен договор меѓу Индија и Европа“, изјави Моди во виртуелното обраќање на Индиската енергетска недела, осврнувајќи се на финализирањето на преговорите за договорот.

Изјавата доаѓа во пресрет на разговорите на Моди со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, кои престојуваат во главниот град Њу Делхи.

Моди истакна дека договорот ќе опфати околу 25 проценти од глобалниот бруто-домашен производ и една третина од светската трговија.

„Луѓето низ светот го нарекуваат ‘мајка на сите договори’“, рече тој.

„Ова е одличен пример за координација меѓу две од најголемите економии во светот“, додаде Моди.

Во меѓувреме, индискиот секретар за трговија, Раџеш Агравал, вчера соопшти дека Индија и ЕУ ги завршиле преговорите и дека договорот е финализиран.

Според него, договорот се очекува да биде потпишан подоцна оваа година, а да стапи во сила на почетокот на следната.

Според податоците на индиската Влада, Европската Унија останува најголем трговски партнер на Индија во размената на стоки, при што билатералната трговија достигнала околу 136 милијарди долари во фискалната 2024/2025 година.

Повеќе
Путин: Првиот танкер со дизел гориво ќе се упати кон САД за два до три дена
Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна во услови на засилено вооружување во Европа
Европската комисија: Нивото на залихите на гас во ЕУ е под историскиот просек
За европратениците и Калас укинувањето на санкциите врз Русија од страна на Трамп е срамно
Кос: Билатералните прашања меѓу Хрватска и Црна Гора не се дел од преговорите, но мора да се решат
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Франција ги проценува штетите од протестите на стотици милиони евра
Лула бара изборниот суд да ги објави неговите банкарски евиденции
Трамп: Зеленски мора да сака да ја прекине оваа војна, инаку сè ќе заврши многу лошо
Бугарија нема да учествува во новата помош на ЕУ за Украина
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови
Саудиската воена коалиција спречила напади со дронови
Хегсет: САД не ги менува официјалните позиции кон Украина
Рубио: Претседателот Путин може да присуствува на Г20 Самитот во Мајами