| Macedonian
СПОРТ
3 мин читање
Продолжува Лигата на шампионите- ПСЖ го пречекува Челзи, Реал Мадрид против Сити во осминафиналето
Осминафиналето на ЛШ ќе ја одбележат трите шпанско-англиски пресметки, две ќе се играат вечерва, а во нив Њукасл е домаќин на Барселона, а во Мадрид кај Атлетико гостува Тотенхем
Продолжува Лигата на шампионите- ПСЖ го пречекува Челзи, Реал Мадрид против Сити во осминафиналето
Напаѓачот на Ливерпул, Салах е на еден гол од тоа да стане првиот африкански играч кој постигнал 50 гола во ЛШ / AP
10 март 2026

Лигата на шампиони продолжува денеска и утре со првите натпревари од осминафиналето, а во дербито на разигрувањето Манчестер Сити во Мадрид ќе му се спротивстави на Реал, додека бранителот на титулата, ПСЖ ќе го пречека Челзи.

Галатасарај и Ливерпул од 18.45 часот ќе ја отворат осминафиналната фаза.

Ливерпул во септември лани гостуваше кај Галатасарај, а турскиот првак победи со 1:0.

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, вечерва би можело да постави два рекорда.

Салах, кој има 33 години, би станал рекордер на Ливерпул по бројот на настапи во ЛШ со 81. Сега со 80 го дели првото место со Џејми Карагер.

Освен тоа, Салах е на еден гол од тоа да стане првиот африкански играч кој постигнал 50 гола во ЛШ и ќе има мотив да испише историја. Сезонава Салах одигра 30 натпревари за Ливерпул во сите натпреварувања, постигна девет гола и имаше осум асистенции.

Осминафиналето на ЛШ ќе ја одбележат трите шпанско-англиски пресметки.

Две ќе се играат вечерва, а во нив Њукасл е домаќин на Барселона, а во Мадрид кај Атлетико гостува Тотенхем. Тие ќе се играат вечерва, а во нив Њукасл е домаќин на Барселона, а во Мадрид кај Атлетико гостува Тотенхем. Третиот дуел ќе се игра утре во Мадрид каде Реал ќе го пречека Манчестер Сити.

Тотенхем гостува на стадионот каде го доживеа најболниот пораз во историјата. Во 2019 година на стадионот на Атлетико, Тотенхем во финалето во Лигата на шампионите загуби од Ливерпул (0:2).

Тотенхем е во очајна форма, се бори за опстанок во Премиер лигата, а новиот тренер Игор Тудор ги загуби трите натпревари откако го презеде клубот.

Њукасл, веројатно, го има најголемиот предизвик пред себе, ќе ја пречека Барселона.

„Чавките“ и Каталонците играа во првата фаза, во септември, кога Барселона победи во Њукасл (1:2), со головите на Маркус Рашфорд.

Реал Мадрид е десеткуван. Повредени се Килијан Мбапе, Џуд Белингам, Едер Милитао, Дани Себаљос, Давид Алаба, Родриго и Карерас. Левиот бек Алваро Карерас е последниот во серијата повредени и ќе го пропушти првиот натпревар, а исто така ќе биде под знак прашалник и за реваншот на „Етихад“.

Лига на шампиони, вторник:

Галатасарај- Ливерпул 18:45 часот

Аталанта - Баерн 21:00 часот

Њукасл - Барселона 21:00 часот

Атлетико (М) - Тотенхем 21:00 часот

среда:

Баер (Л) - Арсенал 18:45 часот

Бодо/Глимт - Спортинг 21:00 часот

Реал (М) - Манчестер Сити 21:00 часот

ПСЖ - Челзи 21:00 часот

Реванш натпреварите од осминафиналето ќе се играат на 17 и 18 март.

Финалето на ЛШ е закажано за 30 мај на Пушкаш Арената во Будимпешта.

Повеќе
Еден теснец, глобално влијание: Зошто Ормускиот теснец е толку критичен за светот?
Координирана кампања на Грција за потиснување на турското малцинство во Западна Тракија
Трамп: Израел повеќе нема да го бомбардира Либан, САД го забранија тоа
Ердоган: Да не дозволиме зборовите да бидат заменети со оружје или преговорите со крвав конфликт
Иран го отвори Ормускиот теснец за сите бродови
Кац: Примирјето со Хезболах е привремено, мисиите во Либан ќе бидат завршени
Песков: Директното учество на ЕУ во конфликтот со Украина се зголемува, тоа ќе има последици
Стармет бесен бидејќи скандалот „Менделсон-Епштајн“ се продлабочува
Ал Шара: Сирија бара договор што ќе го гарантира повлекувањето на Израел до границите од 1974 година
Палестинската министерка за надворешни работи: Геноцидот на Израел врз жителите на Газа не е запрен
Хезболах бара запирање на израелските операции во согласност со договорот за прекин на огнот
Тајани: Кина да ја поттикне Русија да ја заврши војната во Украина
Барак: Сирија е квантен дипломатски потег што никој не го очекуваше
Србија го потврдува патот кон ЕУ и неутралноста на Форумот за дипломатија во Анталија
Сиљановска-Давкова: Балканот отсекогаш бил историски, географски и културно дел од Европа